Posts

Showing posts from October, 2017

Оние што се прават дека се’ знаат, ги нервираат тие, кои се’ знаат

Оние што се прават дека се’ знаат, ги нервираат тие, кои се’ знаат Тоа е главното правило во политиката. Држава, ред, закон, човечност? Мисловни именки се тоа. Создавај проблеми, за потоа да ги решаваш, макар што никој не дошол, а да „не седне“ на куп поранешни проблеми: Вистинско ѓубриште на себични причини, пакувани како општо добро и потреби на народот. Твое е само да застанеш во центарот на сето тоа и да заработуваш „на кривина“ – пари, моќ и другите да ти се плашат. Уништи ги стандардите и вози, а, ако не можеш сам – формирај комисија. Единица мерка за грижа за општеството, од која само ти ќе имаш корист се промените, реформите, проектите за подобрување на ова и на она. Единствено правило е да се чуваш од учени, способни и посветени. Ако нив ги избенеш, а не е тешко, заради тоа што и тие не сакаат да работат со морони, на коњ си. Ангажирај морони и стандардите се мртви. На ова многу има работено мачната македонска душа, на која висината на духот и постигнувањата не и’ се

ВМРО - вска книга на мртвите

ВМРО - вска книга на мртвите Книгите на мртвите не се нова работа. Постоеше и тибетанска и египетска книга на мртвите, а сега и вемереовска. Тоа се „упатства и прописи за смрт“. При живот, се спремаш за смрт, не умираш, туку „преминуваш“ од едно - во друго, за на крај, да се реинкарнираш. Во тој концепт, смртта - како крај на постоењето, ја нема, а во некои религии нема концепт на класичен рај и пекол, туку е заменет со реинкарнација. Значи, смртта (барем за некои) е премин. Смртта може да има многу лица, а за политичарите и властодршците, губитокот на моќ и функција се полоши и од смртта. Просто, тие живот без власт и моќ, не можат ниту да го замислат. Недостатокот на лични заслуги, кариера, вештини и знаење, ги ограничува единствено на полето на политиката. Надвор од неа, тие се „мртви“. Постојат и „викендаши политичари“, кои имаат сопствена кариера и надвор од политиката, но ќе жртвуваат некоја година од својот живот, за да си ја подобрат кариерата (напредувањето), со помош н

ПОРАКИ ДО ГЛАСАЧИТЕ Како да препознаете лажни предизборни ветувања во пет чекори?

ПОРАКИ ДО ГЛАСАЧИТЕ Како да препознаете лажни предизборни ветувања во пет чекори? Беса Арифи Локалните избори се многу важен настан. Граѓаните одлучуваат кој ќе ги води нивните општини, како единици на локалните самоуправи, во кои тие директно го спроведуваат своето право на глас, како носители на суверенитетот, според Уставот и законите на РМ. Во предизборните кампањи, за локалните избори, се кажуваат многу работи. Кандидатите се натпреваруваат меѓу себе кој ќе вети најмногу, кој ќе фасцинира со понуди за нови решенија за старите проблеми, кои долго време остануваат нерешени. Предизборните дебати понекогаш личат на аукции, во кои граѓаните-гласачи треба да определат која од презентираните идеи ќе се „продава“ најдобро, со најголем број добиени гласови. Некои идеи доаѓаат и во 3Д пакување, кои ги прават да изгледаат особено привлечни.  Кој не би сакал да живее во такви општини, во кои сите негови проблеми би исчезнале, како со магичен стап, без притоа да се мисли многу к

ПОРАКИ ДО ГЛАСАЧИТЕ Ветувања во милионски суми

ПОРАКИ ДО ГЛАСАЧИТЕ Ветувања во милионски суми Сефер Тахири Докажано е дека повеќе се лаже на избори? Се ветува сè и сешто ! Меѓу народот се кажува дека некој политичар отишол во едно село и ветувал мост. Арна ама, граѓаните реклe гласно „Немаме река“, а политичарот возвратил: „Ќе ви направиме“. Злонамерните ја смениле приказната со „немаме деца“, а одговорот на политичарот бил ист. Овие денови во албанскиот блок берзата на ветувањата е многу висока, но не само во албанскиот. Еден кандидат за градоначалник вети, ни помалку, ни повеќе, туку капитални инвестиции во вредност од 100 милиони евра. Бројка, која би ја сонувале и големи градови, а не една релативно мала општина, каква што е Желино. На предизборие со милионите, (во евра, се разбира) кандидатите оперираат, како да е буџетот на Македонија ептен голем, како на Швајцарија, на пример. Замислете, ваквите милиони би ги инвестирале странски компании, кои едвај чекаат да инвестираат кај нас. Дека се работи за бројка, непромислена,

ПОРАКИ ДО ГЛАСАЧИТЕ - Нова „изборна“ парадигма за „сто години самотија“

ПОРАКИ ДО ГЛАСАЧИТЕ - Нова „изборна“ парадигма за „сто години самотија“ Бардул Заими Во „вечната“ транзиција, која сè уште трае и која се детерминира со низа турбулентни ситуации, граѓаните како суштинска димензија на општеството како целина, живеат во два парадоксални света. Едниот свет е тој реалниот, допирливиот свет, кој знае да биде брутален со својата неможност за афирмација на најубавото од човечката димензија, а вториот е тој надреалниот, кој доаѓа како сон, периодичен, преку политички инженеринг, преку идеолошката матрица, од страна на центрите на политичката моќ. Овој комбиниран, реален и надреален свет, најдобро може да се илустрира со големата метафора од романот на нобеловецот Габриел Гарсија Маркес, „Сто години самотија“, каде не може да се препознае реалното од нереалното, каде се измешани реалноста и имагинарниот свет. Се случуваат чудни нешта, парадоксални, несфатливи за нормалниот човечки ум. Недвосмислено, политичкиот плурализам е суштинска димен

ПОРАКИ ДО ГЛАСАЧИТЕ - Необични локални избори – Македонија 2017

Пораки до гласачите Необични локални избори – Македонија 2017 Ана Чупеска-Станишковска Што се’ влијае на изборот Гласањето на изборите зависи од многу фактори, но, како што знаеме од политичката психологија, најмалку зависи од  “ разумот ” и   сходните рационални калкулации на гласачите . Дека ова е парадоксалната  вистина на денешницата , потврдува и растечкиот   бран на популизмот во Европа и пошироко. Во тој превец впрочем, и најновите истражувања од политичките науки укажуваат дека гласњето - сватено како изборно однесување на луѓето, зависи од политичката култура и историја, политичкиот систем, условите на конституционализмот и степенот  на слободата и демократија,  информираноста на граѓаните и нивниот доход, но,  исто така  гласањето е  детерминирано и  од  не така мерливи категории, како, на пример, индивидуалната  конгнитвна  софистицираност, генетските  или  можеби и епигентески предизпозиции, па дури и од  сублиминалните и либидиналните  образци на луѓето и та

ПОРАКИ ДО ГЛАСАЧИТЕ Градоначалникот не е златна рипка

ПОРАКИ ДО ГЛАСАЧИТЕ Градоначалникот не е златна рипка Александар Цветкоски Единствена инвестиција за која вреди да потрошиш пари е знаењето. Свеста и знаењето се две страни на паричката. Говориш за едно, говориш и за другото. Ако за тоа не говориш, мораш да бидеш златна рипка, која исполнува желби: Кој – што сака да чуе, ти говори му! Знаењето е важно. Сето друго, времето ќе го изеде. За ова паметните не говорат. За нив, тоа се подразбира. Изреката на Цицерон „Omnia mea mecum porto“ (сè свое со себе носам) значи дека ништо не му било потребно, освен знаењето. Тоа значи дека материјалното зависи од духовното и од знаењето и дека промените мора да бидат кај нас граѓаните, а другото е лесно, затоа што ќе произлезе од првото. Сетете се дека Германија беше до темел уништена, но, за 10 години, беше изградена уште поубава. Војната ја изгубија, но не и знаењето и културата. Затоа е Германија – Германија. Тука сме. Кој градоначалник говори за ова? Тие, наместо за важното, говора

ПОРАКИ ДО ГЛАСАЧИТЕ „Чекајќи го новиот диктатор“

ПОРАКИ ДО ГЛАСАЧИТЕ „Чекајќи го новиот диктатор“ Тања Иваноска Ежен Јонеско, еден од втемелувачите на театарот на апсурдот, чии романи изобилуваа со хумор, исмејување на банални ситуации, но и филозофски дискурс низ кој се поставува прашањето за смислата на човековото постоење, со право може да се каже дека беше актуелен годиниве наназад во нашето македонско општество. Слика и прилика на неговите драми „Носорог“, „Кралот умира“, „Жед и глад“, беа катадневните наши ситуации, кои за жал не беа драма туку реално наше секојдневие. Банални ситуации во нашето секојдневно милје имаше во изобилие, од насилство без осуда и санкција, преку политички монтирани случаи, до укинување на автономија на Универзитет, преку хаос во здравствени установи и што ли уште не видовме последнава деценија. Затоа и со право може да се каже дека Јонеско и денес егзистира кај нас, бидејќи театарот на апсурдот заживеа и не го изгуби здивот последниве десетина години. Она што изби на пиедесталот на значајни о

ПОРАКИ ДО ГЛАСАЧИТЕ Долго патување во ноќта

ПОРАКИ ДО ГЛАСАЧИТЕ Долго патување во ноќта Сашо Орданоски Памтам, пред многу години, во Форум – Центарот за стратегиски истражувања и документација, невладината организација којашто деновиве прослави 20 години од своето постоење, одржувавме обуки за странските изборни посматрачи во Македонија. Ги учевме како да препознаат некои од десетината начини со кои во тоа време се крадеа избори на Балканот. Им ги објаснувавме методите на „Бугарскиот воз“, на фалсификувањето изборни документи, на купувањето гласови, групните гласања, разните притисоци врз гласачите и манипулациите со изборните списоци, изборните ливчиња, записниците и што уште не. Не дека странскиве набљудувачи не знаеја за што станува збор – меѓу нив ретко кога ќе најдете и некој случајно заталкан на изборна „прошетка“ низ Македонија – но секогаш им беше занимливо да слушнат примери, да видат практични методи, да споредат некои од илустрациите со кои ги поткрепувавме нашите наоди со нивните искуства. Во меѓувреме, мно