Бесните пци на Кајафа
Бесните пци на Кајафа Голгота! Тоа Македонија помина. Веќе заборавивме? Бесните пци на Кајафа тоа ни го сместија. Дали навистина заборавивме дека шепотевме, гледајќи лево – десно, некој да не чуе и пренесе? Толку ли сме комотни да заборавиме, како го носевме крстот по тесните улички на изгнасеното судство, кое не пропушта прилика да го покаже своето акрепско, лепрозно лице. И сега дури! Еве го со Грујовски и Бошковски, пред него со Кочан, пред него со Војо „непристрасниот“, пред него со стотици други Ана и Кајафи, Јуди и Пилати. Зар сите ние да бидеме како нив рачунџии, лижигазовци и лиги? Тие од корист, а ние? Заради што ние да заборавиме? Чуму тие смешни апели да не се партизирало, да немало притисоци врз судството, да немало казни, да се укинела радиодифузната такса и милион други нешта, кои вемерето ги воведе, со нивна помош го „одра“ народот и сите тие париња си ги потроши за партиски дувла, скулптури, мерцедеси, прејадувања и гаќи... Тоа им е опозициона борба? Така тоа се пр