Posts

Showing posts from April, 2017

Расцеп

Расцеп Депресијата и анксиозноста не ја лечевме, а знаевме дека ќе премине во нешто посериозно, но ние сме Македонци и не лечиме додека „не дојде коса до рамена“. Зарем не знаевте? Македонците „се снајдуваат“ – такви сме и точка.            Глума? Лудило? А зар има разлика? Не сме спремни да бидеме нешто повеќе од Македончиња. Не мислиме дека имаме право да бидеме слободни. Симптомите градираа: Веќе не можевме да се сетиме дали сме земјоделци на протестите или сме ГДОМ - овци, буџетари или патриоти, вемереовци или „анти - агендаши“. Дали одговорот зависи од нас или од ликот, кој вождот ќе го одбере наутро: за него и за нас? Дали е тоа губење на чувството за стварност или верување?                                     Вождот е болен, а глуми нормален,  а народот не е  болен, но   глуми лудило.       Ликовите на еден просечен вемереовец немаат крај. Нив ги одредува вождот – согласно неговата манија на гонење, утриснки халуцинации и сомнежите дека странците

„Наводници“

„Наводници“ (простете на многуте „наводници“... уф,... еве ги пак) Оваа серија написи ќе служи како помош на кутриот. Институт за губење време - историја, кој не може да стаса да исполни целодневна програма на телевизиите, со што на историјата и става нови наводници. Целта на написите е да помогне Македонскиот народ да сфати колку многу должи на „Фамилијата“ (башка од долгот кон странство). Првиот од серијата написи е за историјатот на наводниците . Вовед, звани „Увод“ -Денес е „наводнизацијата“ најактуелен процес, кој се одвива насекаде. Оваа идеја е толку силно „напикана“ во Македонцкиот народ, што тој веројатно нема да издржи од толку многу што му е напикано, па ќе пукне. Посебно тоа е случај во последно време, заради тоа што некои во оваа идеја влегуват заедно со моторите. Воедно, овој процес е многу секси, заради „дупењето во здрав мозок“. Том Први: Од праисторија до дивјаштво -Гледано историски во славното минато на нашиот народ, наводниците не