Posts

Showing posts from December, 2017

Бидете паразити, оти е највозвишено

Бидете паразити, оти е највозвишено Божик бил роденден на божицата Митра (25 – ти декември) и тој е само еден од многубројните обичаи на преминот од старата – во новата година. И пред Митра, главното божество во Вавилонија, крволочната Тијамат, била прелагана од богот Мардук, со новопронајденото вино, па оваа, мртва пијана, ласцивна и разиграна, пред пантеонот богови, му ја предала власта. Ах, некои работи не се менуваат, што и вам ви посакувам за Новата година. Поврзувањето на Новата Година со Исус е од четврти век а славење на раѓањето на Христос е од 375 – та година (некои велат 336 година) и тоа го вовел Св. Августин, кој не го знаел паганското потекло на празникот. Претходно, Божик се нарекувал „Ден на непобедивото сонце“. Многу ритуали и математика околу почетокот на новата година. Кај Грците, скапите пијанки, кои ги правеле како заедничко обедување на света маса, ги нарекувале „Параситео“, а главниот свештеник „Паразит“. Некои работи не се менуваат никогаш, посебн

Непознато во равенката на ВМРО е ВМРО

Непознато во равенката на ВМРО е ВМРО Ниту на момент, ниту со еден збор, не ме изненади говорот на Иванов, ниту нешто очекував од партиски лепач на нарации. Исто и со изборот на Мицковски и решението на вемерето дека нема да се врати во Парламентот. Сето тоа е пакет. Не можеме да очекуваме Иванов да сфати закон, Мицковски да биде независен и ВМРО да биде конструктивно. Мене нешто сосема друго ме буни. Зошто тие веруваат дека некој им верува? Не се тие пацери, на власт беа предолго и знаат што е тоа политика, а знаат и бескрајно долго да ја повторуваат нарацијата (Бранко, те Бранко). Упорноста на вемерето може да се спореди само со нивната бескрајна неодговорност, а доброто познавање на своите противници им е силна страна, што го докажаа. Единствена непозната величина во равенката на вемерето е вемерето, до каде и со што, може да оди? Знаат тие знаење за манипулации. Ајде вака. Просечен граѓанин можеш да го прашаш дали носач на авиони чини 10 милиони или 10 милијарди долари и

Оперски диви и дивјаци

Оперски диви и дивјаци Нашите диви напреднаа : Веќе дивеат и во Германија ! Не што се диви како хиени , туку им даваат и по 60.000 месечно за да дивеат . „ Дива “ , во машки род , да ти било „ дивјак “ . „ Дива “ , која дивее по странство , била „ интернационално подивена “. Како се учи да станеш дива или дивјак ? Има школа за тоа , во зградата на вемерето и се вика „ чколија за признат вемереовски дивјак , испакнат до истрдулаен уметник и патриот за изнајмување “ . Но , не е лесно . Најпрво се полага курс за кодофче , па за кодош и баш – кодош , следи баш - кодошбашија и на крајот стануваш дива или дивјак . Ако се во комплет ( маж и жена ) даваат „ две во едно “ , а едниот / едната , станува и директор во класична институција, кога не е во затвор . Покрај 1000 евра месечно , башка од платата , дневниците , хонорарите , следи и членувањето во управни одбори . Има и специ