ВМРО - вска книга на мртвите

ВМРО - вска книга на мртвите

Книгите на мртвите не се нова работа. Постоеше и тибетанска и египетска книга на мртвите, а сега и вемереовска. Тоа се „упатства и прописи за смрт“. При живот, се спремаш за смрт, не умираш, туку „преминуваш“ од едно - во друго, за на крај, да се реинкарнираш. Во тој концепт, смртта - како крај на постоењето, ја нема, а во некои религии нема концепт на класичен рај и пекол, туку е заменет со реинкарнација. Значи, смртта (барем за некои) е премин.
Смртта може да има многу лица, а за политичарите и властодршците, губитокот на моќ и функција се полоши и од смртта. Просто, тие живот без власт и моќ, не можат ниту да го замислат. Недостатокот на лични заслуги, кариера, вештини и знаење, ги ограничува единствено на полето на политиката. Надвор од неа, тие се „мртви“. Постојат и „викендаши политичари“, кои имаат сопствена кариера и надвор од политиката, но ќе жртвуваат некоја година од својот живот, за да си ја подобрат кариерата (напредувањето), со помош на политиката. Вообичаено, тие не се ни за ваму, ни за таму, а своите епизоди ги завршуваат неславно (тешко е да се’ седи на две столици, а секое лично напредување, луѓето ќе го поврзуваат со нивната „туристичка тура“ во политиката), па, се случува и да објават некоја колумна, во која „во прво лице“ признаваат дека „откако тие си заминале, партијата почнала да победува“. Но, таму има уште луѓе за заминување, што не е форма на „смрт“, туку продолжување на кариерата - како што треба, по пропис.
Во главите на политичарите постои и „политичка смрт“, макар што ретко кој од нив тоа ќе го прифати. Наместо да размислат за политичка смрт, тие сакаат да се реинкарнираат, но, во тој процес, многу често, од преголема желба „да не умрат“, стануваат зомби.
Тоа му се случува на вемерето, како најнов трик на Груевски, врвниот „ВРДАЛАМА“, на кастата Финтаџии - Бардо. Тој, заедно со своите свештеници и со „реформаторите од вчера“, ја пишува вемереовската книга на мртвите. Тоа ќе биде нова приказна на вемереовскиот Холивуд, иако таму не остана ниту еден Худини, кому можеш да му веруваш, дури и да ти каже „добро утро“ во 8 часот сабајле. Ќе се стемни одма, ќе си речеш.
Сижето оди вака: вемерето ќе се реформирало, за што сведочи „преминувањето“ во реформатори, кои, најпрво, ќе чека правна разрешница за „случаите“, оти постоела презумпција на невиност, па не би било добро некого да осудат „без докази“. За политичка одговорност, по вемереовската книга на мртвите, решава судот.
За таа намена формирана е нова каста „реформатори - преминувачи“, кои чекале Груевски „да умре“, па потоа да се зафатат со балсамирање на неговиот труп, но никако надвор од пропис, кој налага слепа послушност до 40 дена, од неговата смрт, а потоа уште 10 години, додека не застарат случаите – според закон. До тогаш... не знаеле како... но, ќе се реформирале... некако.
Процесот започнал пред три – четири месеци, а од тогаш – до сега, реформаторите собирале храброст, и башка, трошки од трпезата на братијата.
Вемереовците не сакаат многу „да истрчуваат“, такви се по карактер, а таква им е и религијата. Тие се многу по правилата. Заради тоа беше и громогласниот „молк против Груевизмот“, со кој, тие многу се истакнаа во своите јавни мантри и сутри по тоа фекализираните телевизии и курири.
Тие не се како нас другите, кои гледаме, веќе 3 години, како Грујо умира. За нив Грујо нема да биде мртов, додека раководството на партијата, на чело со Груевски не го каже тоа. Потоа, кога ќе му удрат на реформи... има се’ да прска, како што прскаа шрапнели од „ковењето на социјализмот“, кои поотепуваа се’ околу себе, за на крајот се’ да остане исто. Еб..иот - е..н, тепаниот - тепан.
Оваа нова вемереовска каста, едвај разбудена од 11 годишниот сељачки делириум, во кој безгласно и со голема радост учествуваше, сега, потполно „по пропис“, се залагала за промени. Тие не ги фатија сигналите на Кекеновски и компанијата од минатите години, ниту постарите и како ден јасни „јавни едукации за вемерето“ на Новковски, Димитров и компанија, а посебно не, на оние вистински вемереовци и патриоти, кои од 2008, до 2010 година го напуштија дувлото на вождот и за тоа јавно сведочеа.
За некои од нив, ниту 27 – ми мај не беше будилник на совеста, но сега, кога Груевски е во политичка предсмртна агонија, заговараат реформи во партијата, за кои, искрено, мислам дека „ќе успеат“, затоа што се потполно во склад со вемереовската книга на мртвите, која Грујо им ја „подари“, а во која ја опишува сопствената политичка смрт, како што Бранко, на времето, ја напиша својата, заедно со реинкарнацијата – се разбира и заедно со „наследниците“, кои требаше да му го „топлат местото“. Сепак, за разлика од вемерето, иако закаснето, Бранче свати дека есдеесовскиот автобус оди во неповрат – заедно со него, па се врати во мртвите – каде припаѓа, и каде може со Љубчо и Брат Љубе да мантраат за октоподи, жабици и баловите на Снешка.
Историјата на книгите на мртвите и на есдеес и на вемерето, не оди така, како што вождовите замислувале. Проблемот е кај рецензентите на книгите, кои допишуваат во неа, наместо да се грижат само за правописот. Книгата на Љубчо ја рецензираше Грујо, онаа на Бранко – повторно Грујо. За ова на Грујо, наместо „реформаторите од вчера“, кои (веројатно) самиот грижливо ги одбрал, односно – повторно Грујо, сакал – не сакал, рецензент ќе биде Катица Јанева, која веќе ги поднесе обредните сутри и мантри за апс, а не за реинкарнација и пред Заев да ги доотепа на следните „предвремени“. Мора некој, кога на вемереовец во глава не му иде дека постои и политичка смрт, која не мора да има никаква врска со кривичната.
Откако „ќе им успеат реформите“, смртта на вемерето е извесна, затоа што таму нема доблесни мажи и жени, кои се и „свештеници на верата“, туку само лукави човечки беди и соучесници, па немаат образ, ниту сила, да го запрат пролупаниот финтаџиски автобус на бившиот диктатор, кој со надзвучна брзина се движи кон амбисот, заедно со сите долгогодишни финтаџии, уредно сместени во неговиот чмар. Вемерето ќе умре, затоа што е тоа банда, а не партија, а во меѓувреме, ќе го застапуваат зомби. Да беше партија, ќе имаше барем некаков отпор кон уништувањето на Македонија и сопствената партија, а не вака „после свадба тапани“.
Лек нема. „Старите вемереовци“ се само мит, надоаѓачките и „преминувачки“ нови реформатори – трик, а вемереовскиот е задоцнет со години, и само си го чека идниот закон за употреба на историските и национални имиња и симболи (или, како и да биде наречен законот), каде ќе ја укинат партијата, како радиодифузна такса. Не постои разумна причина тоа да не се случи, затоа што Врховниот Врдалама решил партијата да ја земе со себе во смрт, па, ако сака, нека се подели и на 30 пратенички групи.
Вемереовските „сутри на мртвите“ се веќе „прочитани“, на голема жалост на најголемиот Зомби меѓу вемереовците - Фикус Лама Иванов и врдаламата - зомби, Груевски, на кој треба да му се посвети последната „сутра“, напишана од двајца типови со лажни пасоши, кои „ги тресат“ во Грција, и од три дами, во напад на творечки занос: „Мало сутра“!


Comments

Popular posts from this blog

Барокот не треба да сѐ симнува, очекуваме стриптиз

Илија наречен Жаклина

Јас сум роден ваков, со што се правдаш ти