Posts

Showing posts from February, 2018

Барокот не треба да сѐ симнува, очекуваме стриптиз

Барокот не треба да с ѐ симнува, очекуваме стриптиз Во петокот за прв пат влегов во ружната зграда на владата, откако е со нова курвинска наметка. Кутрата зграда е како солза од спонзоруша, лажна, неприродна, непедантно сработена и напукната - машала. Зградата го започнала својот стриптиз, а наметката е од „вчера“. Каква ќе биде за 5 – 6 години, само Бог знае. Колку е само шуплива, тоа е за приказна и на неа може да се види сета „шупливост“ на нејзините творци и порачатели, но и на станарите. Така гради оваа држава, оти е „привремена“, како што е секое друго нешто кај нас привремено. Потемкиново село порај Вардар, таа река, која е единствената движечка сила на напредокот, која единствено имаше храброст и сила да започне со „промените“, во содејство со дождот, по подрумите на другите стиропорни згради, во кои се чува највредното национално богатство, кое „с ѐ навлажнило од возбуда што е толку битно“. Ако говориме за настаните, кои се организираат во шупливата зграда, тие го поп