Posts

Showing posts from November, 2017

Македонско – македонски судир?

Македонско – македонски судир? Го имаше, полека поминува и не беше наивен. За среќа, тое е минато и ги добива своите објаснувања и бара помирување, но , не како што Грујо и оној марсовецон од претседател наумиле, туку низ сосема спротивна логика, која следи прецизна институционална дијагноза, а не простачка конструкција дека „ние го признаваме само судот на партијата...“ Не е ова шума, не сте вие партизани, а најмалку жртви. Тоа е лага и конструкција денес. Ние имаме судир на злосторничкото, митоманско и неуко општество, со цивилизацијата, која, еве, срамежливо, но секојдневно, доаѓа и станува ознака на разликата на македонскиот примитивизам од една страна, и надежта дека може да не’ има и како цивилизирани, а не само како говеда и „квази“ – од другата. Едно е сепак, факт: Македонија имаше многу повеќе од „демократски национални несогласувања“. Ние имавме „тивка граѓанска војна“, која заврши со обид за државен удар на 27 – ми Април, во која на едната страна, Македонците/к

313 бара многу заштитени сведоци

 313 бара многу заштитени сведоци А што мислевте? Ќе  ве милуваат со „учество во толпа“? Ткалото се втело? Па, се с ’ вти, не гледаш? Се свртија и смешните оправдувања дека „ако не газиш цвеќиња“, имаш право да убиеш, да тепаш, да го газиш бирото на Претседателот на Парламентот, да се шеташ со качулка, да влечеш тело на пратеник, надевајќи се дека е мртов, да си намигаш со обезбедувањето, да се гушкаш со гнасите - ѓоа пратеници, да те водат низ Собрание, како да е прчија на татко ти, да ги гнасиш светите македонски песни и да си ги бакнуваш децата со истата уста, со која изгнаси секоја вистина, чесност и правичност. Ако не умреш од заразата од вемереовската колера на лагата, ако не те убијат твоите, за да не сведочиш, ќе те трефне чл. 313. Битието на делото е чиста триста и тринаесетка. Имаше причини, поттик и поттикнувачи, припрема и организација, помагачи во извршувањето на кривичното делото, кои ја злоупотребија службената положба и овластувања, имаше директни извршители, и

Грујо, добри гости ти дојдоа - Убиство со песна

Грујо, добри гости ти дојдоа - Убиство со песна                               За вештите убијци нема граница. Ако може со хартија, може и со песна!!!                        Македонскиот народен гениј ретко која друга култура ќе го надмине во музика и во фолклор, воопшто. Нема тука многу дискусија: со кој аршин да ја мериш, е ненадминлива! Вемерето (иако, не се сами во тоа) беше точно советувана, и од песната направи оружје за масовно убиство на највозвишеното македонско наследство: Музичката естетика, која, наместо „за“, мораше да проработи „против“, за да си ја остварат вековната желба за вековно владеење со морони, а кој слуша изворна музика, не може да стане морон – по дифолт. За таа цел, како архитип, ја зеде музиката за иселениците и направи милијарда фестивали за негување на тие купишта повраќаници. Сижето на песните мораше да биде за Македонија, и за дијагноза, односно, песни за кози во мутирање, за малоумници и носители на беретки, чиј занает е патриотизмот, во пау

Како да убиеш човек во 100 лекции (2)

Како да убиеш човек во 100 лекции (2) Без повторување на првата лекција, одиме на втората. Оваа лекција е многу важна и може да ви помогне да се искапете, кога ќе врне дожд (што и да направите – исто ви се фаќа). Посебен вид убиства се специјалните. Тие се вршат во специјални прилики (како само ми текна ? ), како што се партиски прослави и секој друг настан, на кој човек може да направи мајмун од себе и „да си пука“ во стомакот, оти куршумот не делува на празни глави (мозокот кај некои не е витален орган). Да се убиеш од прејадување и препивањето не е исто. Едното е самоубиство од страст, а другото е самоубиство од глупост (лага е мислењето дека е тоа „совест“). Имено, човек никогаш не е признат од другите, па кај (скоро) секого постои желба „да му каже нешто искрено на шефот“, но тоа не се случува во трезна состојба. Затоа, неколку чашиња лоша и евтина ракија – каква што се служи по моронските чествувања (алкохол за гости) и добиваш порив на „оној лигушот“ да му кажеш што мис

Како да убиеш човек во 100 лекции

Како да убиеш човек во 100 лекции Прв начин: Земаш пиштол, нож, чекан, лопата, домат... и го убиваш. Домат? Да, ако е доматот во метална тегла. Дури и така може, но тоа се простачки начини. Постојат многу поубави методи, за кои имаме милиони примери кај нас, а дополнително, за нив „не се лежи“. Човек, односно луѓе, се убиваат со лоши патишта, издадени шахти, дискретно скриени знаци со зеленило, кои ги декласираат ознаките на патот. Тоа не се најдуховитите начини, оти има многу подобри, па и овие ќе ги класираме како „полупростачки“. Човек можеш да го убиеш со постојани ветувања и неисполнувања на ветеното. Посебно ако си политичар, ова е многу делотворен метод, кој масовните убијци, наместо во затвор ги носат на пиедесталот. Не е Пандора џабе главно маче, во просечната македонска глава. Ама, кога „објективните околности“ и љубовниците на политичарите ќе го „пополнат“ местото, ќе ја обвиниш Минерва што не ти дала подобар талент за лигушење. Не е лесно. Убиен ко’ пес, до следнит

Македонски трипер и француски сифилис

Македонски трипер и француски сифилис Против дивјаците не можеш! Можеш да бидеш и посилен од нив, но џабе е. Дивјакот е дивјак 100% од времето, а ти имаш и попаметни работи. Тој е витален, див, некултивиран, никој е и ништо, нема долна граница, нема гордост, не му тежи ниту мозокот, ниту коренот. Тој не знае за пријателство, иако може „да ти се најде“ и подобро од цивилизираниот човек, затоа што, „свршувањето работа“ е метод - сите да ги стави под нозе. Цивилизираниот човек би сакал да се такмичи, да те победи, во некаква, колку – толку, фер игра и ќе се задоволи со самата победа. Дивјакот не! Тој сака да те победи, понижи и уништи и како бренд и како тело. Тој ќе почне да се плаши од одмазда, и само твојата смрт ќе го смири. Дивјакот нема милост. За него, цивилизираните луѓе се навреда, а вагата на правичноста им е вечно „штимувана“. Читајте за Римјаните пред Келтот Брен. Не само што овој донел своја вага за да го мери златото (нормално, „наштимана“ да мери помалку), со кое Ри

Тикварникот од малини

Тикварникот од малини Ружите од локум „оделе како алва“, но тикварникот од малини не се продаде оваа година. Причината е во промената на потрошувачките навики. Невера се ова потрошувачиве, исто како и магарето, кое со месеци го учиш да живее без храна, а на крајот, наместо да ти заблагодари, тоа умира. Така и со Шилегов. Наместо да бара галиоти за галиите, тој ќе ги рушел. Да имаше галиоти, галиите, едноставно, ќе си заминеа, да ја бараат флотата на Картагена, или да го затворат преминот во Црно Море, за да им помогнат на браќата на Крим. До неодамна одеа и клејбезаблите, но еве, во неделата, повторно, видовме крах на берзата на клејбезабли. Само во неколку мали општини и во еден велеград (Кавадарци) имаше пазар. Тикварникот од малини не може да се преработи, па Грујо ќе мора да си го напика некаде и да им го смали животниот простор на тврдокорните, патриотите, моторџиите, разбудените, барокните, алуминиумските... уредно сместени во неговиот чмар. Аналитичарите предупредуваа д