Posts

Showing posts from June, 2017

Колку што вемерето разбра, толку Анѓушев греши

Колку што вемерето разбра, толку Анѓушев греши Токму така. Реалниот сектор бара реални фирми, а не перачи на вемерето и „странски ивестиции“ со наши пари. Тие вработиле 20.000 народ? Нека ми ги даде мене вемерето истите пари, како на странските инвеститори, јас ќе вработам 40.000 и никој од нив нема да мора да оди на работа, односно, нема да има ниту фирми. Владата ќе даде, ќе поделам плати за седење дома, а рестото ќе го ставам в ’ џеб – исто како и сега, со таа разлика што работниците одат на работа, а фабриките работат, но за чија корист, не се знае. Вистината е таква: има влез (увоз) има излез (извоз), БДП – то се „помпа“, а ништо во буџетот не останува (влегува без давачки, излегува без давачки). Барем да плаќаа придонеси. Ни тоа го нема – владата и тоа им го плаќа. Единствена корист за вемерето е што задолжувањето на државата оди на процент од БДП – то, па можат повеќе да се задолжуваат за ист процент. Корист никаква, а штетата невидена: се што е нормално и „не пере“ за

Монтирана здравствена конструкција

Монтирана здравствена конструкција Уште еднаш вемерето покажа дека е конструктивна опозиција. На Заев му смислија нова конструкција за подметнување. Како што излегува, Заев ништо друго не мора да работи, туку само да го слуша вемерето и далеку ќе стаса. Што би рекол народот: Кој тргнал по бумбар, стасал на лепешка.             Се што не им текна во единаесетте години власт, сега им текна, а плановите им се разработени до најситни детали. Не, не, не мислам на проектирањето на автопатиштата, каде не им текна дека земјиштето може да биде и приватно (тоа им го подметна СДСМ), дека по патот може да има и планини (тие Бог им ги подметна) и дека постои гравитација и земјата се лизга (тоа го смислил Исак Њутн, во координација со Сорос). Најновите конструкции им се здравствени. Душички, знаат дека на вемерето многу лекување ќе му треба, па требало по 100 илјади денари месечно да им дадел Заев на лекарите, како минимална плата. Не дека не треба, но тоа да го предложи вемерето?

Заев ќе не умре од досада

Заев ќе не умре од досада Да драги граѓани. Досадата се враќа во нашите животи. Нема повеќе „ало началниче“, гаќи од 500 евра, дебилните изјави на Тодоров, правдањата на Грујо како дете што турнало саксија, мрсулавењето на нашето знаме од Вангели ...   Брзината на продукција на мајмунарии запре и си отиде во белата кичерајска зграда на вемерето, каде умира на очи на дро/гро гираниот Груевски. Општеството се разбудува и се прашува како можевме да дозволиме да ни се случи вемере? Дали тоа беше заради забава? Но, политиката во добрите држави е досадна. Сите, освен телевизиите, кои се видно фрапирани како Заев за цели 20 дена не го реши проблемот со името, не ни даде по 500 евра плата, не ги затвори сите криминалци и не го прошири Суецкиот канал.  Дека новата власт уште не знае ни каде дошле, ниту ја знаат фактичката ситуација со вработени, буџети, имот на министерствата – нема врска. Ова не е вемерето, со своите „први“ 1000 дена за владата. На успорување на идиотарии треба да се

Невина сум, жими децата

Невина сум, жими децата Тантуровски го покажа оделото. Тоа изгледаше скапо, а тој евтин. Како ли го купил после донациите кон партијата, која го постави за тој да алармира на лоповлукот од партијата?  Ние обичните граѓани не се збунуваме толку лесно на такви „појави“. Не сме ние од вчера. Нас обичните не може да не збуни ниту глупавиот наслов на „Државна комисијата за спречување корупција“. Ем „државна“, ем се бори против корупцијата на властите. Нас може да не збуни како тој и неговото скапо одело си поминаа толку лесно на дебатата?  Тоа е „вториот трик“ на вемереовските ешалони, кои се спремаат за презимување. Трикот е инспириран и од демонстрациите на „патриотите – надничари“, за кои, доказ за нивната добронамерност е што не газеле цвеќиња. Сега, доказ дека се најчесни на светот „спрема законот“, е што не го газат законот. Не чесни, не совесни, не со интегритет, не партиски мифки на привремена работа во институциите, туку „невини спрема законот“. Што би рекол народот, иако роди

Македонија под моминско име

Македонија под моминско име Експертите досега не помогнаа. Ви треба незналица за прашањето за името? Тој сум. Македонија ќе го употребува моминското име: Бивша! Јас врска немам од меѓународна политика и геостратегија, само паметам што сум чул. Видов... Димитров беше убаво облечен. Кажа дека Македонија има нов лик, дека сака да се реши прашањето со името со „јужниот сосед“, може да влеземе во НАТО, па во ЕУ со сегашното „привремено“ моминско име и дека ништо друго не може да каже, оти ќе било штетно за „процесот“ (да не е малку трудна оваа момава?). Коѕијас беше исто така убаво облечен, додуша, не толку згоден колку Димитров, за „процесот“ не кажа ништо и рече дека му сметаат скулптурите на „северниот сосед“, тоа што крадеме грчка историја и дека убаво би било да се реши прашањето со името, но и не мора. Ако има ново име, тоа да било „сложено“, со географска одредница. Тој имаше спасоносен предлог да одиме во ОН, таму „да се договориме“ за „сложено име за севкупна употреба“, с

Биди оптимист премиере, полошо е!

Биди оптимист премиере, полошо е! Реинституционализација!!! Тежок збор за уште потешка работа.  „Заробени институции“? Не, не. Тоа е деминутив. Полошо е. Што е правено со институциите не можете да замислите. Сите ние мислиме дека знаеме, но го гледаме само врвот на сантата мраз. Заев ги слушна разговорите, па повеќе знае од нас, но ниту тој нема детален увид какви недела, какви фантастични „гимнастики“ вемерето има направен со нашите институции. Како знам? Лесно!  Мислите дека туку - така може да се организира линч во Парламентот? Тоа не е само организација. Исклучување на свеста, совеста, стравот и моралот треба за тоа да се стори. Настаните во Парламентот, вклучително и оние, кога на клоца ги избркаа пратениците и новинарите само ни ја покажаа температурата. А болеста? Институциите, дури и во најголема мака, имаат една силна страна, а тоа е инерцијата. Институцијата може да си ја работи работата со години, дури и ако нема директор, влада, градоначалник. Сетете се вие пос

Терај Зоки понатаму и батали скапаници

Не сакаме „институции“              Сакаме Институции!                            БРИШИ НАВОДНИЦИ Терај Зоки понатаму и батали скапаници Проекти? Да ги „терал“ премиерот? Пак ова вемереовциве јаделе нешто расипано... Најпрво едукација. Проекти „тераат“ оние од третиот ешалон, па надолу. Првите ешалони прават програми, а „проектите“ се само дел од програмите. Првиот и вториот ешалон прават и реализираат проекти само ако многу им се краде и немаат доверба во пониските ешалони. Премиер на држава не „тера“ проекти, тој прави програми, кои се нарекуваат и институционализација на политичка волја, која ја „провериле“ на избори. Нема тука „остваривме и што не ветивме“, како што правеше вемерето и фараоните во Египет. Програмата значи иницијатива „од горе – кон долу“, а проектите се акции „од долу – кон горе“. Така и ние невладините работиме. Сами ги правиме проектите и ги поднесуваме за финансирање. Со тоа, вемереовските бладања дека постојат „странски проекти“ про

Бугарската војска со 190 на саат влезе на Кајмакчалан

Бугарската војска со 190 на саат влезе на Кајмакчалан                 Верувајте, точно е, Миленко ги сними. Сето започна тоа утро кога Тодоров „во дел од секундата“ се спаси од „пластичните“. Веројатно Тодоров во последен миг се сети на експертката за „пластични“, а можеби и „гумени“ - Јелена Жугиќ. Кога тоа го чу Миленко, возејќи 173 км/ч по српските патишта одма се сврти да провери дали и Бугарската војска употребува „пластични“ или можеби преминала на „гумени“. За таа намена одма му се јави на Васко Ефтов, кој од многу информирани извори му кажа дека не знае каде е тоа Кајмакчалан, но од Мирка има слушнато дека Бугарската војска влегла на Кајмакчалан.                 Оправдан беше неговиот сомнеж дека Бугарската војска претходно била обучувана од Заев, што со сигурност Латас му го потврди одма кога излезе од СЈО каде го викнале да поправи чешма - што ќе била новата професија на Латас.                 Кругот се склопи и се стана јасно. Колку визионерски оваа Жугиќ погоди - „