Posts

Showing posts from August, 2017

Будење или бладање

Будење или бладање Следната кампања на вемерето ќе се викала „Стоп за купување носач на авиони“ и ќе го разбудувала народот дека на Македонија не и е потребен носач на авиони, кој владата на Заев сакала да го купи – одма после локалните избори. Не само заради носачот, туку што немаме море – барем засега, иако го има во картата на Голема Македонија, пред која беседеше наш дипломатски званичник во Канада, од вемерето. Па што! Нема ниту бегалци, па се потпишува да не им се градат станови. Што има врска што планот за градење станови за бегалци го донесе вемерето, кога беше на власт. Ако не се протестира, што би правел просечен вемереовец. Да не им беше страв, ќе урлаа по кафеани против Заев, ама вака е незгодно, кога полицијата и јавниот обвинител не те штитат. Ах, нема повеќе париња за прејадување, картици за гориво за возење со швалерките и службени картици за приватни потреби. Мора да се тепа времето некако. Но, јас се замуабетив. Да се вратиме на носачот. Само така, со дваесет м

Град со толку кандидати за градоначалник не треба да се плаши за својата иднина

Град со толку кандидати за градоначалник не треба да се плаши за својата иднина Засега, во Прилеп, не е досадно со локалните избори, кои не се ни близу. Вемерето молчи за својот предлог, а од есдеес засега има само десетина нестрпливи, кои инсистираат на партиска поддршка за својата „заслужена“ кандидатура. Послабо упатените, кои веруваат во математика и тренд (спрема темпото на кандидирање, пута убрзање на квадрат) есдеес ќе ги има околу триста парчиња кандидати. Подобро упатените велат дека најпрво се пуштаат во оптег оние „што ќе горат“, а за вистинскиот кандидат ќе одлучи фортуната и Заев. Но, и тука има проблем. Најголемиот дел од нив сами „се пуштија“, односно најавија кандидатура. Ами како! Прилеп е ова и без сеир не може да опстане. Леб и игри? Во Прилеп треба кафе, со бунарска вода, ѓомити од „Студенчица“ и сеир. Убаво е да се чуе дека во најврмровскиот град во Македонија има толку заслужни за каузата. Толку биле многу заслужни, што, ако не ги кандидирала партијата,