Бебе и моторна пила

Бебе и моторна пила

Во исто креветче? Сечилото било во пластична канија? Не е адекватно, дури и да не е опасно. Што бараат тие две нешта заедно?
Кондом како букмаркер во библијата? Дали можело да послужи? Може, ако си непрокопсан и ако не ти е гајле. Но, што бараат тие две работи заедно?
Многу нешта можеме да ги ставиме заедно, но не е адекватно, понекогаш е неморално, понекогаш штетно и одвратно. Некои нешта не одат заедно. Точка!!!
Не можеш да ставиш кондом во Библија и потоа да се правдашдека ти барем читаш и веруваш, за разлика од другите, кои книга враце не фаќаат.Тие две работи не одат во иста реченица, колку и да внимаваш на граматиката. Одвратно е!!!
За жал, многу нешта што никогаш не одат заедно, кај нас се заедно.
На пример, такви се „патриотите“ и знамето, државното, македонското... нашето. Што бара знамето на партиски протести за заштита на „фамилијата“? Што не си го земат нивното знаме со лавчето или црвено-црното?
Што бара химната на усните на непрокопсани насилници, бандити и преплатени глумци, кои бараат крв оти вемерето треба да ја даде власта? Ами што да прави? Да си ја носи дома?
Што бараат криминалците заедно со „патриотите“? Што бараат „патриотите“ во Собранието? Што бараат личности со фантомки заедно со „патриотите“ на „граѓански“ протест?
Како да ги ставиме заедно Иванов и некаква си „декларација“? Тоа не е негова работа, за тоа постои Парламент. Како да ги ставиме заедно Заев и некакви си „гаранции“ за унитарност, кои би му ги дал на Иванов? Нормални ли сме воопшто? Претседателот во Македонија има ритуална функција. Да бараш од него толкување, е како да бараш од забаваче да говори за атомска физика. Посебно од Хорхе, кому му е потребен компас да си го најде задникот (својот, не од Груевски, кој совршено добро го наоѓа и во потполн мрак). Заев зад себе има 67 пратеници, што значи власт! Тој да му дава на Иванов гаранции? Би било смешно да не е трагично.
Игнорирањето и тоа „суштество“ се совршена комбинација.
Што бараат „лежани“ криминалци заедно со владините функционери на многуте фотографии од „средбите на владата со граѓаните“? Како? Биле исти и едните и другите? Криминалците треба да внимаваат со кого се дружат.
Не може да нема правила што-со-што оди! Вратоврска и патики не одат заедно, нели? Не ги чуваш сликите од децата заедно со порно-списанија, не го виткаш сендвичот во гаќи, не се замолчуваат бебињата со селотејп. Ако си ненормален – може, но не е адекватно.
Но, да видиме како тој одвратен несклад оди по вемереовски:
-          со „платформа“ сме ја рушеле државата, а со рушење на институциите - не;
-          чувството дека ја браниме државата било побитно од самата држава;
-        - со рушење на државата сме ја граделе државата;
-        - со неред сме воведуваме ред;
-        - со партиски митинзи сме постигнувале натпартиски консензус;
-        - со сатанизација на Албанците градиме соживот;
-        - со блокирање на Парламентот ги признаваме изборните резултати;
           - со тепање пратеници ја славиме демократијата;
           - со кршење Устав го браниме Уставот;
-         - со јадното „обвинителство“ го кочиме СЈО;  
-         - со ослободување убијци ги јакнеме човековите права;
-         - со тепање и бркање новинари постигнуваме слобода на печат;
-         - со обиди за граѓанска војна сме го поддржале мирот;
-         - со партиска книшка градиме систем на кариера;
-         - со криминал стануваме патриоти;
-         - со одбрана на криминал – бранители;
-         - со лигавење – тврдокорни;
-         - со неправди воведуваме правда;
-         - со лудило стануваме нормални...
            Бебе и моторна пила? Според погоре кажаното, ова е „крстена вода“. Македонските „неадекватности“ се смислено креирани, за да не остане ниту прав од редот, законот, законот на умот и логиката, кои имаат цел да ја убие човечноста.
Сепак, кондомот не ставајте го во Библијата како букмаркер. Прочитајте ја или оставете ја на полица. „Другото“ искористи го, наместо да одите да талаликате по тие партиски „патриотски“ митинзи. Ќе бидете посреќни – верувајте.
Мора да има барем малку ред и чувство за соодветност.
Кондомот можел да послужи и како балон, ако некој го надуе, но чие дете ќе си игра со него?
Засега, ако одиме по паметот на партиските улични талаликачи, односно, по паметот на „најпатриотската партија“, можеме само да се надеваме дека пилата нема да биде „случајно“ вклучена, пред да му ја стават на бебето во лулката.

Најлошо ќе биде ако е вождот на патување... кутро бебе.

Comments

Popular posts from this blog

ПОРАКИ ДО ГЛАСАЧИТЕ Како да препознаете лажни предизборни ветувања во пет чекори?

Пот од очите и солзи од под мишки

„Наводници“