Македонско – македонски судир?

Македонско – македонски судир?

Го имаше, полека поминува и не беше наивен. За среќа, тое е минато и ги добива своите објаснувања и бара помирување, но, не како што Грујо и оној марсовецон од претседател наумиле, туку низ сосема спротивна логика, која следи прецизна институционална дијагноза, а не простачка конструкција дека „ние го признаваме само судот на партијата...“ Не е ова шума, не сте вие партизани, а најмалку жртви.

Тоа е лага и конструкција денес. Ние имаме судир на злосторничкото, митоманско и неуко општество, со цивилизацијата, која, еве, срамежливо, но секојдневно, доаѓа и станува ознака на разликата на македонскиот примитивизам од една страна, и надежта дека може да не’ има и како цивилизирани, а не само како говеда и „квази“ – од другата.

Едно е сепак, факт: Македонија имаше многу повеќе од „демократски национални несогласувања“. Ние имавме „тивка граѓанска војна“, која заврши со обид за државен удар на 27 – ми Април, во која на едната страна, Македонците/ките во ВМРО – ДПМНЕ војуваа против „втората страна“, невемереовците/ките. Тоа не беше „специфичен вид демократија“ и борба на концепти!

Силината на ваквата „тивка војна“, ја измести Македонија и од евроатланските интеграции и од уставните рамки, до неподносливост, која, во немоќ да си’ објасниме што ни’ се случува, понекогаш, ни’ нудеше и такви објаснувања (?) дека „Егејците војуваат против Македонците“, странски служби роварат во Македонија, Албанците ќе прават голема држава... Навистина, голата власт и концентрацијата на моќ во рацете на Груевски и фамилијата, не ги објаснува уверлив, акциите против невемереовскиот дел на општеството, кои беа пресилни, војнички организирани и безмилосни. Си велевме: „Чуму олкава сила и против кого?

„Првото илјадагодишно вемереовско владеење“, за прв пат вистински не’ подели на предавници и патриоти со какани газиња, под знамето на посраното лавче (бебињата какаат, не?), но не го закрви до толку народот. „Првата империја“ ни’ остави поделби околу „војничката за човекови права на Албанците“ и улогата на најпатриотската партија во устоличувањето на идната Албанска власт (нели, најпрво, им ги дадоа списоците на полициски доушници, заради што станавме глуви и слепи за „западот“ на Македонија), со која бескрајно добро се разбираа(т) (?).

Вистинскиот македонско – македонски судир го донесе Груевски, во „Второто вемереовско илјадагодишно владеење“. Судирот беше жесток. Започнуваше наутро со секојдневен судир со колеги, комшии, прекубројни медицински браќа по болниците, уличните метачи и кодоши – истовремено, „дежурните“ комшии агитатори и карабдалици, маалските штабови, попатни билборди со содржини од кои ти се превртува стомакот... „Отвори го срцето“!??  На Жан Митрев ли му се обраќаа малоумниците? Секој „словен“ беше прогласен за издајник, клерот здушно се вклучи во пропагандата, секој нововработен мораше да го „позајми“ својот профил, имаше заканите по живот, по семејство, апсења на неистомисленици, заташкани убиства, монтирани судско – полициски процеси, трудни жени во затвор, затворање медиуми, рушењето комплекси, стотиците милиони евра од буџетот за „војската на срамот“ на Груевски? Не беше наивно.

Куршумите, користени во битката беа највиртуозно замислени да одговараат на нашиот менталитет, за лесно користење од неучените – до малоумни, слабо талентирани, но силно нарцисоидни говеда и его манијаци. Тие, понедопирливите ги лустрираа, моќните ги затворија, најспособните ги истераа или ги убија, останатите ги уверија дека „залуден е секој отпор“.

Вториот тип муниција беше дизајниран да одговара на македонската сељачка желба да се има факултет, по секоја цена, сосема сообразени со слабото средношколско образование, кое му е загарантирано на дечињата. Сега, после изгубената „мека граѓанска војна“, професорите ги закопуваат вемереовските униформи на соучесништвото, одма до „парцелите“ за униформи на МАНУ, а дали ќе им помине, ќе видиме.

Овие и многу други „куршуми“, совршено одговараа на нашиот рационализирачки калибар – пасент!!! Тоа беше време кога не бевме далеку од идејата дека и калашниковот во рацете е подобро решение, од сугерираното, по тоа алфите, куририте, сителите и каналите. Вемереовците се ситеа, оти беа многу јаки: „пробајте, па да видиме“ – заборавивме ли и на тоа? Тогаш, без надежта дека некој може да се спаси од ножот на Мијалков и Груевски, свежо освестени од „бомбите“, се сетивме на старата изрека дека „држава не се гради без крв“, а да не беше македонското калкулантство, со прашањето „чија крв“, гумените куршуми на Жугиќ, ќе го најдеа патот до боевата муниција и крвта на улиците. Алелуја што тука беа „америте“ и „посеверните Европјани“, кои вакви примитивци се нагледале низ цел свет, па ни’ ги ставија протезите на мирот.

Затоа: Каков македонско – македонски судир? Тоа веќе помина и заврши и беше судир на примитивците со демократите.


Сепак, внимание! Човек со милијарди украдени евра во џебот, со толкава мува на капата и со толку соучесници, не може да биде неопасен.

Comments

Popular posts from this blog

ПОРАКИ ДО ГЛАСАЧИТЕ Како да препознаете лажни предизборни ветувања во пет чекори?

Пот од очите и солзи од под мишки

„Наводници“