Оперски диви и дивјаци

Оперски диви и дивјаци


Нашите диви напреднаа: Веќе дивеат и во Германија! Не што се диви како хиени, туку им даваат и по 60.000 месечно за да дивеат. „Дива, во машки род, да ти било дивјак. „Дива, која дивее по странство, билаинтернационално подивена“.

Како се учи да станеш дива или дивјак? Има школа за тоа, во зградата на вемерето и се викачколија за признат вемереовски дивјак, испакнат до истрдулаен уметник и патриот за изнајмување. Но, не е лесно. Најпрво се полага курс за кодофче, па за кодош и башкодош, следи баш-кодошбашија и на крајот стануваш дива или дивјак. Ако се во комплет (маж и жена) даваатдве во едно, а едниот/едната, станува и директор во класична институција, кога не е во затвор. Покрај 1000 евра месечно, башка од платата, дневниците, хонорарите, следи и членувањето во управни одбори.

Има и специјализација. Сѐ започнува со убрзаниот курс цаво, продолжува со екстрацаво, па супердивче, „екстрамуле, „монголоид и завршува со највисоките признанија: „овластен лигуш и признат лигуш. Но, тоа е класика. Има и чколии за поп, рок и турбо фолк дивјаци. Курсистите, најпрво мораат да ја прочитаат книгатаПарите се отепувачка“, оти државата ќе ги отепа со пари. Потоа, макотрпно учат за да работат во комисии во Министерство за култура, а полагаат испити: „Како да делиш по 9.000 евренца за талаликање“, „Како да ти доделат два пати по 9.000 евренца, „Како да поделиш пола милион евра за 200 песнички, и тако то.
Има таму и специјална обука за стил, наречена Школа наливен парфем. Обучувачите се врвни личности од естрадата. Така, Сузе држи курсеви: „Како да купиш 18 рала гаќи, ко од ИвонаиКако да сѝ го платиш курсот за Кинески јазик на државна сметка“. Роби го покрива секторот миграции, а темите му се раскошни: Спреми се за Кина, оти овде нема повеќе субвенции, Што ме боли за фанови, кога има субвенции и Кој ја дупи јавноста, мене пари ми требаат. Целта на специјализацијата е да станеш „надежна специјалка“, а визијата им е фокусирана на креативни индустрии (видете ја Стратегијата за културен развој и ќе сватите), како да се направат пари низ секакви перверзии, дали во скулптури, дали во уметнички мазарии, поѓомити поезија, епови, штитчиња и знаменца и подигање на проституцијата на многу покреативно ниво.
Менаџментот во културата и аутсорсингот го „покрива“ Дуо Коки, а обуките им се најсовремени на светот: „Субвенции по грло, со прераснување од дуо во трио“ и „9000 причини Христијан Тасевски да биде третиот“. Има тука многу предмети за полагање. На пример, „Како од уметност се прави платеничка мисија“, „Кариера - Потемкиново село“, „Полтронификација на лигавењето“ и „Екстракција на полтронизмот“.
                Овие курсеви не смеат да се мешаат со новата опасна школа во тоа културното министерство и курсевите за одземање на лиценците за лигушење и патриотизам. Треба многу да внимаваме, оти овие „новиве“ сакаат уметноста да ја вратат во колосек. Хорор! Срам да му е на тоа министерот што фантазира дека некогаш уметноста демистификувала, бранела од диктатори - ги откривала навреме, ја алармирала јавноста, култивирала позитивни чувства и вредности, внесувала бунт на промената, го носела западот кај нас, шепотела за демократија, го фалела херојството, слободата и слободниот избор. Тоа новата школа да ти осудувала бедни грантисти на непринципиелноста, афирмирани, истакнати и врвни лижигазовци и спонтано координирани патриоти. Бегајте од него. Замислете, тој говори дека постоел пазар на културни производи и естрадна публика, пред кои уметниците биле одговорни. Страшно!!!
                Сакале да воспостават критика, било ликовна, музичка, филмска, театарска, за да се компресира квазиуметничката шизофренија, бескрајната нарцисоидност, неограничената навалентност и безобразлук. Сакал да ги избрка подивените типки и типови со вратови од месинг, пред кои секој нормален се повлекувал, а секоја моралност заличувала на бело испокинато знаме, над ровот на учената нормалност. Вели дека на ровот јуришале копилињата на кичот, простотилакот, неумереноста, незнаењето, нечувствителноста, полтронството, дека тие биле со џебови полни пари, со нескриена желба да ги убијат последните сведоци на уметноста, складот, хармонијата, естетиката, возвишеноста и неподмитливоста. Каде живее тој министерот?
Што има да убиваат одамна мртви работи?
                Зар не е многу попросто по вемереовски? Дупе под кирија и брцај во буџетот!!! Кој да се мачи во децениска работа и откривање на најталентираните? Дај ваму духовни санкилоти, експерти за изговори и во слободно време уметници, дај ваму договорно стопанство - со враќање“.
Овие не се нормални, навистина. Велат дека секој ќе добива колку што заслужува и колку што е квалитетен. Ама, кога ќе се судрат со „тетките и чичковците“, кои стојат зад успесите на многу ѕвезди? Ами, кога ќе дојдат на ред клановите во музичкиот бизнис, кои одлучуваат за сѐ, и тоа од поодамна. Танец ќе игра министерот, заедно со стотиците нововработени.
Други (исто од „новиве“) предложија „вакцини против кич“, кривични пријава, во недостаток на напад на совест, министерот да ги избрка, како пци, сите тие кои кумувале на оваа срамна ујдурма од 2 милиони евра, тие бесрамни прваци во  изведба на бесни глисти, кои одсемејни вредности во песните“, потполно фројдовски, имаат само тоа што си е..ле мајката од крадење и подмитување.
Ова лудило оди дотаму што велат дека Министерството би требало да добие забрана да финансира фестивали. Не дека не требало, туку не знаело и секоја идеја се претворала во шарада за богатење на послушниците уметници. Прекрасните „акции“ за подобрување на стандардот на ова уметнициве, тие ги нарекуваат уметничко архитектонски злосторства, гасни комори за честа и јавни увреди за целата музичка култура. Протези за уметноста... Ах, овие „новиве“, кои сеуште ја немаат почувствувано радоста на црн чипкаст долен веш, црн мерцедес, химен од препелица во сопствен сос и творечка сељачка шизофренија.
Ама, не е Министерот славеј – набоден на трн, за да ја запее најубавата песна „диференцијација на оперски диви и дивјаци“, на ужас на сите аздисани и подивени вемереовски уменици – платеници, од било каков контакт со меинстримот, оти, за нив, гаќите од Ивона се највисокото достигнување во уметноста, а уметничката одговорност, вкусот и сочувството со својот народ, во кој се колнат додека го пљачкаат, културен простор за дивеењеМоже тој, низ закон (сепак), да запее, како што славејот никогаш во својот живот не запеал, песна на смртната агонија на деградацијата во уметноста – токму низ месото, низ „сељачкото диво месо“ на партиските мочли и мочловци, со уметнички титули. Заебано!? Овие талаликачи, цигу лигугавици, квазиуметници и недоучени поети заебале и поголеми од него.

Сепак, имало надеж: Воспоставување уметничка и културна критика и критериуми во културата и уметноста, низ промени во месото, што значи дека на министерството му требаат заебани личности, како што ги има(ше) вемерето, но, со морал, дефицит на пасторалем беграунд и знаење, за разлика од вмрофоните и да не им е проблем ако се сотри дипломи“, како што вели Сашо Орданоски. Има многу учени и умешни, кои како пусти говеда шетаат од неангажираност, оти имаат еден грев повеќе од другите: Знаат и умеат, но не им одговара друштвото.  
Почни министре со формуларите за аплицирање за проекти и извештаите за работа, па да видиш што вампиришча ќе излезат и од кај тебе и од тоа управите, фондовите, здруженијата на дрн, дрн молците. Тогаш, батали сребрени куршуми и пробај со глогов колец (со бесните пци на промената, кои се доволно налутени од минималците и подсмевот на куртон - уметниците), оти тоа избрканите од Минерва, одамна се прикачени на буџетот, имаат врски насекаде и отпорни се на крстена вода и ветрови, на кои и ти пловиш (компрендо?).

Без тоа? Барај два милиони евра за музикантите и запеј си ги патриотските: „Куку леле Сузе, што ми паре узе“, или „Ниси крива што си дива, што во пари плива“.


Четиво за заспивање: „Арамиско гнездо“

Comments

Popular posts from this blog

ПОРАКИ ДО ГЛАСАЧИТЕ Како да препознаете лажни предизборни ветувања во пет чекори?

„Наводници“

Бидете паразити, оти е највозвишено