Паразит од 27 сантиметри пронајден во зградата на ВМРО

Паразит од 27 сантиметри пронајден во зградата на ВМРО

Борбата со паразитот уште трае, но и покрај надчовечките напори на реформаторите, нема да можат да го отстранат до 23 – ти декември, соопштија медиумите, повикувајќи се на партиски извори. Експертите сметаат дека околу 530 делегати на вемерето, триесетина поранешни функционери и најмалку 200 протестанти, се сигурно заразени од овој паразит. Борбата е отежната и со способноста за метаморфорза на паразитот, кој се претвора, час во патриот, час во жртва, час во демократ, час има амнезија, проследена со ментална менструација. Исто така, како причина за слабата борба со паразитот, се смета квалитетот на реформаторите, кој е за никаде, задоцнет со години и делумно заразен со истата болест.

Симптомите на болеста, која ја предизвикува овој паразит се: просерување, халуцинации, губење ориентација, селективно паметење, пориви за манична контрола, чувство на жртва и смрдеа.
Од бирото за дезинфекција, дезинсекција и дератизација изјавија дека не е нивна надлежност да се борат со паразитот и чекаат судски налог за влез во белата зграда, која е детектирана како центар на заразата. Исто така, фактот што се размножува со кукавички јајца, борбата со него ја чини многу тешка, но извесна. Од бирото за судска невропсихијатрија „истекоа“ информации дека е најтешко да се отстранат неговите јајца, кои се напикани директно во мозокот, иако, во последно време, овие станале смутки, па се откриваат по смрдеата (процес наречен: fillipinska petrovizacija).

Врската на паразитот со Северна Кореја се истражува, но, ако се земат во обзир симптомите, одма се гледа сличноста, иако климата (сега), е сосема различна во двете земји. Од таа причина, експертите мислат дека нашиот паразит бил многу поголем, но сега е сведен на само 27 сантиметри, со тенденција на понатамошно смалување, а за тоа говори и фактот дека (согласно Планот 3 – 6 – 9) веќе не се користи методот на фекализирање на јавноста, туку е преминато на стерилизација со СЈО – мицин и сончогледови отпадоци.

За среќа, нашата нација, после тешката болест, ослабена и сеуште во реконвалесценција, се здоби и со отпорност на овој паразит и на неговите кукавички јајца, но останаа доста личности за лекување и санитаризација. Се истражува што е тоа во мозокот на одреден број граѓани (ги поврзува само партиската книшка и каканото газе), што ги прави толку податливи за паразитот? Лекарите - оптимисти се со мислење дека судското лекување може да ги даде посакуваните ефекти, но најискусните од нив, кои се и експерти за криминални здружувања на паразити, црви и останата багри, не го дели тоа мислење и потенцира дека само карантинот е ефикасно решение, па препорачуваат што посеопфатно, повеќе и подолго да се користи. Тие истакнуваат дека не е лесно да им помогнеш на овие лица, а со тоа ниту на центарот на заразата, односно белата заразена зграда, заради фактот што тие помош не прифаќаат. Има и такви мислења дека заразата доаѓа од стиропорот, со која се изолирани и украсени зградите и бандажирана совеста, човечноста и каењето на заразените и се сугерира стиропорот да биде тргнат во најитен можен рок.

Тоа е потребна и заради жестокоста на болеста од која страдаат болните. Заразените не можат да разликуваат јаве и халуцинација, имаат селективно паметење, па, се сеќаваат само по наредба, имаат процес на бунило, проследен со автолегендаризација, смалување на сопствената улога во минатите настани, напади на присетување на садистички пориви и социјално психопатолошки настани, произлезени од процесот на заборавање на 10 годишното минато, неговото креативно менување и производство на „ново минато“.  Тоа „ново“ им се меша со „поранешното ново минато“ (антиквизацијата), во која тие биле „некој и нешто“. Со тоа, тие не можат да ја спознаат реалноста и да се помират со неа, што е најдобра почва за паразитот.

Познавачите на приликите во оваа партија и во Северна Кореја, се со мислење дека долгорочниот карантин и преселувањето на партиското седиште во некој изнајмен локал (ќе им даде Фијат некој простор), како и доживотниот затвор за паразитот, се единствените мерки, со кои социјално и ментално неприлагодените жртви на заразата, ќе престанат да сејат смрдливи кукавички јајца и на тој начин ќе дојде до повторна национална хармонија.


Паразитите немало повеќе да се шират, туку напротив. Антителата во нашата крв, веројатно, ќе спречат зараза со нови паразити, кои се веќе откриени и октроирани, но не можеме доволно со нив да се занимаваме заради овие гнасни севернокорејски, за кои знаеме колку се опасни, па ќе ги следиме се до „карантин“.

Comments

Popular posts from this blog

ПОРАКИ ДО ГЛАСАЧИТЕ Како да препознаете лажни предизборни ветувања во пет чекори?

Пот од очите и солзи од под мишки

„Наводници“