Конец фиљма

Лабина треба да си плати сметка за гравитација

Тоа и’ се случило на Митевска: не ги платила сметките за гравитација, па летнала во облаци, бркајќи си го носот.
Ние обичните и од Бога непросветлени, (читај: недарувани од министерството со пола милион евра) не сме лути на неаод паланечка завист, не затоа што не сме режисери и популарни. Лутината е затоа што Лабинчето мисли дека сите ние имаме пиено мастило, не знаеме што е штабска миленичка и дека заборавивме на една иста таква „уметничка“, жестоко нацицана од наши пари, кога им шараше штитчиња и знаменца на вемереовците, кога одеа по митинзи да талаликаат за зачувување на Македонија, против „клетите Шиптари“, потоа, дека другите рецитираа, третите глумеа, четвртите снимаа „историски емисии“, петтите линчуваа. Не е таа таква генијалка, па да и простиме, под марката дека генијалноста и лудилото се блиски.
Просек е, и тоа „пресметан просек“. Она што го добиваш со функцијата и делењето пари (наши) на, исто така, просветлени заради не знам што, не мора, и вообичаено не е, поврзано со професионалните постигнувања. Зар треба да кажеме дека Виктор Мизо е финансиски гение, оти води некоја си таму „агенција“?
Таа, едноставно, треба да си плати сметка за гравитација и да се приземји, па ако треба нека згази некое цвеќе, при падот. Ах, да сака Лабинчето сценарио со наслов: „Враќање во гравитацијата“? Не треба да одиме во Босна за сценарио.
Не сум го гледал филмот на Митевска, а планирам да не го гледам. Порано погледнав некои нејзини остварувања... Евтино, квази - идејно, грандомански, плитки пораки – претставени како да се нејзин изум, експлоатација на веќе многу виденото, банализација на опскурната идеја, недоработени пораки, синдром на занес, троа техника, но ништо посебно... Тие се толку полни со неа, како да е светско чудо.. Но, јас не сум „експерт“, туку само простак, кој работи во национална установа, во истото она министерство, кое, за еден нејзин „филм“ потрошило колку целата наша институција за година - година и пол, заедно со националните проекти, која, меѓу другото, го „средува“ и Манастирот Трескавец.
Третото писмо не е „светото писмо“ (замислете го грандиозниот наслов, ко за филм: „Третото писмо“). Тоа е толку антигравитациско, што нормален човек може само да се запраша: Која е бре оваа занесенава? Таа обвинува, бара, потценува, вреѓа. Таа е фрапирана, како може обичен простосмртник да има мислење за неа, иако е јавна личност. Таа е увреѓена и понижена оти Заев одма не оставил тоа работата за да се посвети на нејзиното „свето писмо“. Таа познавала белосветски фаци, претседатели на некои филмски невладини организации (дај камион и лопата да ти товарам две – три тони такви), таа била „марка“. Тие ѓубриња од министереството, она исто министерство, кое ја дарувалао со бедни пола милионче – само во еден наврат, гушело слободи, се мешало во уметност. Што тие од филм разбираат? Таа 6 години водела фестивал...
ТОНЧ ...
Водела фестивал? Во Македонија? Во времето на Грујо, каде и „вемереовската мравка, во конкуренција на трудни мравки, мора да биде најтрудна“ (Бог да му ја прости душата на Никола)? Тоа... по заслуги, нели? Да не е и Лабинчето по пластичните... куршуми, како што и’ беше колешката од драмски?
 Гравитација, сонце залезно, гравитација.
Овие години, такви ѕвезди на јавноста и дарежливата министерка се нагледавме до сто едно и назад. Сите тие „одработуваа“, кој пред, кој потоа, па еве, дојде ред и на Лабинчето. Мислеше дека ќе помине „на суво“ со Грујо? Мислеше дека нам обичните туку – така ќе ни поминат нејзините предизборни повраќаници со „кампања“, „хајка“, „Заев бил покровител“, со кого „сме го обрале бостанот“, „нов и многу пострашен режим од груевизмот“ и тоа во време на предизборна кампања? Лабина, Лабина... Такви политичарки како неа„паѓаат“ 6 во килограм, како црви. За филм и некако, но за политика нема блага врска.
Дали воопшто знае вошто се впушти? Знае ли дека е бивша? Не од Заев и Златко. Сама си пукаше во главата и тоа не како филмски трик. Сега ќе биде под лупа и сите ќе видат дека е „против волјата на Минерва“. Чист просек. Нема повеќе да мавтосува, заштитена со своите мецени. Ние не сме од вчера и нема да не збуни нејзиниот детски поглед. Ние добро знаеме: Ѓаволот може да има плави очи, свилен шал и да гаргара крстена вода – исто како Лабина.
Таа направи големи престапи и кон фелата и кон општеството: судеше, пред судскиот процес да заврши; судеше за политички дерт и пакост, а не за вредности; заборави дека и убиените и затворените имаат родители и дека бараат правда;а не заборави дека кај нас се води предизборна кампања, која ја оценуваат како многу важна за судбината на државата, а таа, едноставно,е на погрешна страна.

Конец фиљма

Comments

Popular posts from this blog

ПОРАКИ ДО ГЛАСАЧИТЕ Како да препознаете лажни предизборни ветувања во пет чекори?

Пот од очите и солзи од под мишки

„Наводници“