Оти бе ич не ви работи „работата“?

Оти бе ич не ви работи „работата“?

Ами, дека ви ја видовме „работата“? Не ви е ич гајле?
Не ви е „работата“ за машала, оти не работи. Ама ич!

Добро сега. Не, дека не ве разбираме. Знаеме дека есдеес напорно работи да ве врати во живот - видно кандидатите за градоначалници (прости Аце, не важи за тебе), што некој злонамерен, би го протолкувал како знак дека ништо не научиле за сите години во опозиција. Знаеме дека и Бог ве сакати, па ви ја даде малерозната 13 - ка, па, можеби, „народот“ ќе има разбирање за лошиот комар. Знаеме дека уште ништо не знаеме за „работата“, оти Катица, Фатиме и Ленче, сеуште, ја истражуваат и сите сведоци не пропеале за „работата“. Ама, дознавме дека, барем во вашите глави, „работата“ - работи. Леле, министре за полиција! „Работата“ им работела, а ти велиш дека пролупала, како „Максим по дивизија“.

Навистина: Дали вемереовската „работа“ работи, оти „Секогаш работа и секогаш Македонија“, е застрашувачки слоган, со кој се вели: Ова е Mакедонија и нема тука место за некакви закони, чесност, доблест, лична отпорност кон корупција и криминал... туку за „сработување“.  За нас, доскоро, искрадените, уплашени, омаловажени, потчинетите, вемереовската „работа“ е последното нешто, што сакаме да го видиме повторно.
Ако говориме за „работа“, мора да се признае дека „сработија“ толку многу, што сите банки на Белизе им се благодарни, но, тајно се надеваат дека ќе нема кој да ги дигне парите од сметките, па, ќе им останат. Да не беа тие, кои им ја финансираа кампањата на есдеес? Швајцарска „работа“, не?

Но, ако говориме за работа, тогаш планот им е бош, оти не знаеме за што говорат, а посебно за каде? Национална кампања за локални избори е троа збунувачка „работа“ и по тоа гледаме дека и понатаму „работат“ мирно, со страст и по вемереовски, што значи: Ако нема хохштаплерлук, не можат да ги познаат. Не знаеме ни тоа, дали водат кампања за парламентарни, или за локални избори. Да не се и двете во комплет: Две во едно?
Е, тоа е баш убаво, но не може да се оствари, ако не им работи „работата“, а се повеќе судии излегуваат од „работата“ и ронат солзи покајнички пред стравот, законот и совеста. Затоа и слоганот „Секогаш работа“, полека се претвора во „работи додека не те фатиле“. И полицијата работи, не знаевте?

Ај, настрана тоа. Пораката за кандидатите на вемерето е катастрофална: Не се тие нималку битни, туку партијата. Не сум јас злонамерен, па да кажам дека и магаре можете да кандидирате, оти е вемереовско. Тоа самото излегува од нивната стратегија, но и од нивната „работа“. Се што беше човек, инволвираа во нивната „работа“, па се сега, оштетена роба и не мора јавноста „да знае“ за тоа. Секој - сам си знае, а нивните ептен „си знаат“. Мирен сон, семеен ручек, безгрижен смев. Молам? Тоа со „работата“ не оди заедно. „Јас не учествував во работата“ е преценета работа: и мижењето и правењето на недоветен и службен пат во странство, додека некој ја работи „работата“, секое посебно и сите заедно, се регулирани со закон. „Работата“ е кривично дело и инкриминации има одавде, до Белизе и Девствените Острови. Со тоа, „работата“ им е терет, кој само „застарување на делото“ може да го излечи, се разбира, ако не донесат закон „работата“ да не застарува.

Затоа е смешно, да се спомне „работата“, оти „работата“ повеќе не работи, ниту како застрашување, ниту како уцена по работно место, ниту како долгогодишен притвор, ниту како мобинг на работа...

„Работата“ има крај, нели, без оглед што есдеесовците врска немаат од водење кампањи, а кандидатите, како да ги бирале по принципот: Што позбунет и понеспособен - толку подобро.
Ако народецот докаже дека „стално работа“ е поголемо од „доста со такви работи“, ќе добие една „работа“: Децата ќе му работат во странство, со карта во еден правец, оти нив им е доста од вакви „работи“.

Comments

Popular posts from this blog

ПОРАКИ ДО ГЛАСАЧИТЕ Како да препознаете лажни предизборни ветувања во пет чекори?

Пот од очите и солзи од под мишки

„Наводници“