„Без сведоци“
„Без сведоци“
Мафијата
настанала во единаесетти век. Тоа го проучувам.
Затоа ова е
совет до оние, кои нашата трагедија ја разбираат како меѓупартиска борба. Кој
ја нема мувата на капата – нека не чита, кој ја има, а има и памет - нека
помисли, кој што нема избор, нека прави што мора.
Да немате
илузии. Меѓупартиска борба нема!!! Слабата СДСМ е партија, а ВМРО – ДПМНЕ не е
партија и тоа одамна. „Партијата“ позната како ВМРО – ДПМНЕ, чие име е смешно
да се користи без наводници, е испостава на „фамилијата“. Заради тоа и не може
да има меѓупартиска борба.
Борба на мафија и партија? Пак неточно. Имаме борба на
целото општество со мафијата. Сите тоа го знаеме. Одвратното, лажливо и
перфидно лице на мафијата е насекаде. Извршителите веќе и не се важни засега,
но можат да станат понатаму, во судските процеси, се разбира, ако опстоиме, што
„фамилијата“ не го сака.
Видовме едно
од лицата на мафијата во „парламентот“. Заврши и таа бајката на „фамилијата“,
заедно со приказната за „мирните демонстранти што не газеле цвеќиња“ загрижени
за Македонија. Тоа, не само што помина, туку продолжувањето е како шминкање труп.
Тоа и не е толку
важно, зошто на сила влегуваат тешките играчи, а што со нив заедно доаѓа, страв
ми е да помислам. Големите не се големи залудно, не?
Најважно за
тие со мувата на капата (или фантомката) е што бргу ќе започне „контролата на
штета“. Неа нема да ја води ниту Талат, ниту Заев. Попросто, од „фамилијата“ ќе
се спремаат за суд, а тоа значи дека ќе ги
ништат сведоците. Така направила секоја респектибилна мафија во светот. Тоа
ќе го направи и оваа. Зарем некој мисли дека „фамилијата“ ќе остави сведоци?
Смешна надеж: Изгубете ја.
Најпрво
следи „процесот на губење на занесот“ на вемерето, кое е последното лице на
злото на фамилијата. Да не се лажете: ВМРО не постои, тоа е уништено уште пред
години. Во оваа „постава“ има само неколку идеалисти. Ова веќе започна. Разни
„сители“, „канали“, нови и полунови, „курири“ и аналитичари ќе талаликаат уште
малку, за да си ја заслужат платата. Но, кула од песок не се брани: Работата е
пролупана машала и „поправка“ с’кн.
Потоа ќе
следи „правна битка“ во Парламентот да не се предава власта, за која
„фамилијата“ мисли дека може да ја развлекува со години. Се лажат. Однапред е загубена
битката. Сите ќе бидат изненадени од брзината на распадот на хунтата на
фамилијата. Ќе има и многу други трагични и смешни обиди, па дали Хорхе ќе
пробува државен удар со војската, дали ќе има атентати, дали „усрамен суд“ ќе изведува
бесни финти, не е важно. Војната им е изгубена.
И најважното
за овие од „платената виша постава“, кои се сликаа насред „собрание“: кога
„шефот“ ќе увиди дека колку и да добива „битки“, ја губи војната (што е
евидентно), ќе започне контролата на штета. Секој, кој директно добил наредба
од „големците“ од „фамилијата“ е мета. Секој, кој може да го доведе СЈО (читај
Јавната Обвинителка Катица Јанева) поблиску до „шефот“, секој, во кој „шефот“
се сомнева, а човек со параноја мора да се сомнева, секој кој прислушувал,
тепал, перел париња, штимал тендери.... е мета.
Типчињата од
„нижата постава“, тепачи, несовесни и продадени полицајци, инспектори, судии
(овие кутриве мислат дека се „виша постава“), перачи... најжестоко ќе
настрадаат. Тие се ем потенцијални сведоци, ем направиле зулуми и загрозиле
судбини. Страшна работа.
Вистина е.
Дури и да е Села сиот направен од добрина, во што јас не верувам, истовремено
посакувајќи му брзо оздравување (барем на телото), не мислам дека ќе ви прости.
Молете се да му заздрави и душата и нему и на сите оние на кои 11 години го
„убивате Господ во нив“.
Сепак,
најмногу плашете се од „фамилијата“, која (засега) ја нарекувате „своја“.
Comments
Post a Comment