„Лавови“ касапеа, но не газеа цвеќиња или („убијци – цвеќиња за мирисање“)

    

„Лавови“ касапеа, но не газеа цвеќиња
или („убијци – цвеќиња за мирисање“)

Не беше само во Парламентот. Лавови го нападнаа Скопје и безмилосно парчосуваа се што најдоа, но цвеќиња не газеа.
Лавовите не газат цвеќиња и тоа им е посебно нагласено: „Не газете од тоа еб...те цвечиња“, оти вождот нема да има оправдување за „спонтано насобраните“, ниту Чавков за „безбедносната проценка“, ниту „Кочан ТВ“ ќе може да ве споредува со „дивеењето на шарените“. Убивајте, палете, колете, тргајте за коси, фрлајте предмети, но никако немојте цвеќињата да ги газите.

Така, „лавовите“ добија „легитимитет“. Тие „лавчиња“, обогатени и со други „лавови“ од криминалците, специјалците, „граѓани со лекарско“ и со „задолженија“, не газеа цвеќиња. Газеа се друго, но цвеќиња не!!!

Најпрво, „чуварот на лавовите“ отпатува, како што секогаш прави, за „некој“ да заборави да го затвори катанецот од кафезот со „лавови“.
Од самото утро – тој ден, „лавовите“ го растргнаа МВР толку сурово, што од него останаа само фантомките. Нухиу се спасил, но му дојде здив дури откако виде дека Груби се шета слободно во „парламентот“ како паун, па дури и „го смени“ Чавков оти му се налутил. Два часа не му се јавувал. Дали и „орлињата“ од МВРО имале наредба да не газат по цвеќињата?

Потоа „лавовите“, наоружани со тефтерчето на Гоца (сега му припаѓа на Чавков) го растргнаа собраниското обезбедување, односно тие, кои имаат барем грам мозок и професионална етика. Цела полиција доби наредба: Чувајте ги цвеќињата!!!
Следни за растргнување беа институциите. Ова „утринското растргнување“ беше „координативно“. Сите ги полеваа цвеќињата. Пратениците од вемерето имаа гласовни вежби со Дурловски за викање „државен удар“, координација со „спонтано собраните“, со „лавовите со и без качулки“ и со Коцета за важни прашања: како цвеќињата да бидат спасени.

Тренингот со „лавовите“ беше најтежок. „Растргнувањето“ на пратеници и најтврдокорните „лавчиња“ ги остави вџашени и тука започна недоумицата. Добро, цвеќиња нема да газиме, но да убиваме пред камери? Тоа беше решено со „изумот“ фантомка. „Лавовите“ не се толку глупави. Тие „убиваат“ само за „да се прехранат“, но, само толку. За тоа не се добива казна од десетина камшици од „тренерот“, туку билет за Марс, заради тоа што нема да има место на земјината топка каде да се скријат. Дури и Русија е на земјината топка. Дури тогаш тие споулавени „лавчиња“ разбраа дека не е толку страшно да се газат цвеќиња. Имало и поопасни работи.

Заради тоа гладните (за пари?) „лавови“, наместо телото на Села и Заев го растргнаа памперсот на „За заедничка Македонија“. Разлетаа на сите страни сите тие фекализирани „лидери“ по наредба, каки - браон глумци, пејачи, твитерџии, „професионалци од МВРО“ и .... ПЛАНОВИТЕ за граѓанска војна.

После тоа залудно беше сето друго „раскинување“ на „месото“ на демократијата од „лавовските телевизии“, аналните аналитичари на дпмне, „лавовски началници, обвинители и директори“.  Дури и „тренерот“ - лично, се врати и го жртвуваше своето „патување“ за доброто на Македонија за да ги оправда „лавовите“: „Сепак, тоа се животни, кои немаат мозок“, но ако се тренирани не газат цвеќиња.

Смрдеата од памперсот на „патриотските и другите лавови“ го преплави светот, па мирисот на неизгазените цвеќиња се загуби во него. Сега џабе рикаат како лавови и се прашуваат: „Ајде, за главата знам заради што ми е браон, од чмарот на вождот, но, кој ли ми се посрал во гаќите“?

Comments

Popular posts from this blog

ПОРАКИ ДО ГЛАСАЧИТЕ Како да препознаете лажни предизборни ветувања во пет чекори?

„Наводници“

Бидете паразити, оти е највозвишено