„Наводници“
„Наводници“
(простете на
многуте „наводници“... уф,... еве ги пак)
Оваа
серија написи ќе служи како помош на кутриот.
Институт
за губење време - историја, кој не може да стаса да исполни целодневна програма на
телевизиите, со што на историјата и става нови наводници.
Целта
на написите е да помогне Македонскиот народ да сфати колку многу должи на
„Фамилијата“ (башка од долгот кон странство). Првиот од серијата написи е за историјатот на наводниците.
Вовед, звани „Увод“
-Денес
е „наводнизацијата“
најактуелен процес, кој се одвива насекаде. Оваа идеја е толку силно „напикана“
во Македонцкиот народ, што тој веројатно нема да издржи од толку многу што му е
напикано, па ќе пукне. Посебно тоа е случај во последно време, заради тоа што
некои во оваа идеја влегуват заедно со моторите.
Воедно,
овој процес е многу секси, заради „дупењето во здрав мозок“.
Том Први: Од праисторија до дивјаштво
-Гледано
историски во славното минато на нашиот народ, наводниците не биле отсекогаш
многу битен интерпункциски знак и се развивале заедно со „образованието“ на
Македонскиот Народ (значи: многу споро, без врска и ретроградно).
Нема
некои јасни трагови за наводниците кај македонопитекусот.
Подоцна, во железното време, исто како и сега, нема трагови од интелигенција.
Со доселувањето на Словените на
Балканскиот полуостров, Римјаните имале голем број наводници за варварите и
започнале да се крстат од чудење, исто како и сега што се крстиме на
варваризмот.
Склавиниите
претставувале поголем извор на наводници затоа што Византијците дерман немале
од нас и ставале наводници, кога се говори за нас. И ден денес нашите племенски
старешини, кралеви, функционери и цареви ги пишуваме во наводници (пр. „вождот“,
„оној кој прислушуваше“, „партиски морони“, „претседател“, „усрамен суд“,
„јаден обвинител“).
Во
средниот темен век, било многу темно и немаме податоци за него. Овој период од
гледна точка на наводниците се нарекува наводничко
– спахиски систем.
Периодот
пред Првата Светска Војна е познат по „експлозивни“ наводници, од кои се најпознати
„Солунските“ и „Гвадалкивир“, кои се наречени „револуционерно – патриотски“ и кои и денес ги гледаме секој ден.
Од
значајните „историски настани“, кои имаат „пресудно влијание“ врз нашата
„историја“, Илинденското „востание“ дало значајни „наводници“. Тие „наводници“ биле
сопственост на разно – разните вемере – ои, темере – ои и другите „ои“, ги
произведувале во слободно време, кога немало кого да кодошат. Овој период се
нарекува наводничко – голопртски.
Процесот
на „наводничарење“, понекаде наречен „ОЗНА – нување“ или „кодошење“ продолжува
и понатаму. Овој период е наречен наводничарско
– комунистички.
Том Втори: Понов период
-Во
поновиот период после 1990 година постојат обиди за инсталирање „наводници“ врз
државата, процес, кој во историјата е познат како: „кај се парите од знамето“,
„лавче ли е хиена ли е“, „конгрес во Солун“ и „не, не е Бугарче, жими баштами“.
Посериозни
обиди за воспоставување наводници над државата има и потоа, а позначајни тука
се: „Војната од 2001 година“ и „Рамковниот договор“.
Сепак,
„наводниците“ на важност добиваат после 2006 година, а посебно после 2008
година, кога започнуват „масовно“ да се појавуваат.
Во
следниот напис: „Нови наводници“
Comments
Post a Comment