Оперски диви и дивјаци
Оперски диви и дивјаци Нашите диви напреднаа : Веќе дивеат и во Германија ! Не што се диви како хиени , туку им даваат и по 60.000 месечно за да дивеат . „ Дива “ , во машки род , да ти било „ дивјак “ . „ Дива “ , која дивее по странство , била „ интернационално подивена “. Како се учи да станеш дива или дивјак ? Има школа за тоа , во зградата на вемерето и се вика „ чколија за признат вемереовски дивјак , испакнат до истрдулаен уметник и патриот за изнајмување “ . Но , не е лесно . Најпрво се полага курс за кодофче , па за кодош и баш – кодош , следи баш - кодошбашија и на крајот стануваш дива или дивјак . Ако се во комплет ( маж и жена ) даваат „ две во едно “ , а едниот / едната , станува и директор во класична институција, кога не е во затвор . Покрај 1000 евра месечно , башка од платата , дневниците , хонорарите , следи и членувањето во управни одбори . Има и специ...