Posts

Конец фиљма

Лабина треба да си плати сметка за гравитација Тоа и’ се случило на Митевска: не ги платила сметките за гравитација, па летнала во облаци, бркајќи си го носот. Ние обичните и од Бога непросветлени, (читај: недарувани од министерството со пола милион евра) не сме лути на неаод паланечка завист, не затоа што не сме режисери и популарни. Лутината е затоа што Лабинчето мисли дека сите ние имаме пиено мастило, не знаеме што е штабска миленичка и дека заборавивме на една иста таква „уметничка“, жестоко нацицана од наши пари, кога им шараше штитчиња и знаменца на вемереовците, кога одеа по митинзи да талаликаат за зачувување на Македонија, против „клетите Шиптари“, потоа, дека другите рецитираа, третите глумеа, четвртите снимаа „историски емисии“, петтите линчуваа. Не е таа таква генијалка, па да и простиме, под марката дека генијалноста и лудилото се блиски. Просек е, и тоа „пресметан просек“. Она што го добиваш со функцијата и делењето пари (наши) на, исто така, просветлени заради ...

Транскрипти од телефонските разговори на личноста А со Б и Б со Ц

Транскрипти од телефонските разговори на личноста А со Б и Б со Ц  Личност „А“, со личност „Б“ Личност А: Ало, како оди лаботата? Личност Б: Здраво претседателе, што работите? Личност А : Секогаш лабота, но остави го тоа.Лаботата! Како оди лаботата? Личност Б: Онаа, која требаше да се сработи овој со пивара во странство? Личност А: Таа, таа. Личност Б: Рече дека работи на тоа. Работата оди. Личност А: Долго бле лаботи, а лаботата не е слаборена, еве, се ближи датумот. Личност Б: Тој ми гарантираше дека ќе ја сработи. Рече дека му ја дал на оној акмакот со патриотите и тој работи, со цел негов тим. Личност А: Поблгу тоа. Јави се да ја слаботат лаботата и да ми лефелилаат. Личност Б: Одма ќе сработам. Личност А: А онаа длуга лабота? Личност Б: Префрли овој нашиов пари – нека работат слободно на тоа емисиите. Личност А: Не бе таа лабота. Онаа лабота за овој со згладиве. Гледам и тие лаботат, како и ние. Личност Б: А, таа работа. Ја работиме. ...

Оти бе ич не ви работи „работата“?

Оти бе ич не ви работи „работата“? Ами, дека ви ја видовме „работата“? Не ви е ич гајле? Не ви е „работата“ за машала, оти не работи. Ама ич! Добро сега. Не, дека не ве разбираме. Знаеме дека есдеес напорно работи да ве врати во живот - видно кандидатите за градоначалници (прости Аце, не важи за тебе), што некој злонамерен, би го протолкувал како знак дека ништо не научиле за сите години во опозиција. Знаеме дека и Бог ве сакати, па ви ја даде малерозната 13 - ка, па, можеби, „народот“ ќе има разбирање за лошиот комар. Знаеме дека уште ништо не знаеме за „работата“, оти Катица, Фатиме и Ленче, сеуште, ја истражуваат и сите сведоци не пропеале за „работата“. Ама, дознавме дека, барем во вашите глави, „работата“ - работи. Леле, министре за полиција! „Работата“ им работела, а ти велиш дека пролупала, како „Максим по дивизија“. Навистина: Дали вемереовската „работа“ работи, оти „Секогаш работа и секогаш Македонија“, е застрашувачки слоган, со кој се вели: Ова е Mакедонија и н...

Нов бран бегалци во Октомври

Нов бран бегалци во Октомври Веќе започна. После локалните избори, бранот ќе се засилел. Малчески, додуша презадоцнето со години, открил дека вемерето ќе паѓа, па отиде бегалка. Можеби ќе открие и дека Џон Ленон го убиле. Бог да ги прости.             Новиот бран бегалци, кој се очекува од Октомври, па натаму, во стампедо, без чамци и италијанска полиција, за да ги спаси, ќе емигрирале и од вемерето - во „другото“ вемере и од вемерето и „другото вемере“ - во СДСМ. Природно е, уште од Ева, која го нахушкала Адама да го касне јаболкото на сознанието и љубопитноста, за да види како е во другите партии. За овие бегалциве, потполно е неприфатливо да останат без парија, зад себе. Едно е јасно: проевропската и несигурна прегратка на СДСМ, во која, „секој може да ти го свирне“, по зборовите на Геро, е сепак, посигурна од стамената вемереовска „грижа“ за кадарот, со државни кредитни картички,  заради фактот што „кадарот“ долго ...

И новите ќе крадат! Па, што дека?!

И новите ќе крадат! Па, што дека? С е плашам дека напорот да им застанеме на патот на криминалот и корупцијата ќе ни пропадне и со новата Влада. Го следам превладувачкото расположение за промена на власта и на локално ниво, на мнозинството граѓани им е преку глава од старо-новите кадри на вмровската Фамилија низ разните градски и селски средини во Македонија, но истовремено – иако без намера да тврдам дека имам детален увид во состојбите – гледам и како целиот „сектор“ на локалниот криминал и корупција (тендерашите, градежната мафија, кафеанските профитери, транспортерите, експертите за бирократските процедури итн.) се подготвува само да ги „превземе“ новите градоначалници и новите општински управи и веднаш да ги стави во „машината“ на наместените јавни набавки за улици и тротоари, за измислени градежни маркички, за „скриени поткровја“, за транспортот на ученици, за греење на општинските згради или за долгите софри по локалните кафеани. А и некои од кандидативе се за машала: уште ка...

Овчар и волк

Ќе има ли некогаш дебата, без борба за власт Сетете се на јагнето, што ги „туражирало“ овчарите, со лагата дека доаѓа волкот? За жал, ние немаме едно, туку најмалку четири јагниња – едното македонско, другото албанско, третото вемереовско, четвртото есдеесовско. Поинаку, тоа е приказ на македонската политичка и општествена ситуација. Волкот може да си ја брка работата – како сака. Тоа е. Блеење, наместо дебата. Кај нас не можеш да знаеш што е дебата, а што борба за власт, колку и да си добронамерен. Тука воопшто не говорам за некои органски интереси на било која етничка заедница или на партија. Овде е зборот за виртуелна реалност, која партиите ја создаваат, за да ја преточат во власт. За нив „секоја топка“ е добра топка, затоа што никој не знае каде е голот. Дали е тоа нормална состојба, во општество, каде конфликтот е „природна состојба“ (најригидно толкувана демократија), а борбата за власт најлегитимен порив? Да, ако ја заборавиме дебатата, заради која и постојат парла...

Го сакате на француски или на антички начин?

Го сакате на француски или на антички начин? Популизам и кој ни го смести, прашање е сега, па дури и на Денот на независноста?             Ајде, да видам што вели Википедија? „Популизмот, како поим, за прв пат е употребен во Франција, за да се означи правец во француската книжевност, каде се говори идеализирано и убаво за народниот живот“. Јасно е, Денот на независноста и популизмот, се идеална комбинација - ако немаш вкус.  Но, на овој светол ден, наместо честитка до народот, да изјавиш страв за идентитетот и да го плашиш народецот?             Читам понатаму: „Класичното значење, овој поим го добива со државите, кои функционираат преку избори“. Избори? Затоа е Википедија главна.             Избори!!!             Ете објаснување. Јас ќе си пишував ...