Posts

Бебе и моторна пила

Бебе и моторна пила Во исто креветче? Сечилото било во пластична канија? Не е адекватно, дури и да не е опасно. Што бараат тие две нешта заедно? Кондом како букмаркер во библијата? Дали можело да послужи? Може, ако си непрокопсан и ако не ти е гајле. Но, што бараат тие две работи заедно? Многу нешта можеме да ги ставиме заедно, но не е адекватно, понекогаш е неморално, понекогаш штетно и одвратно. Некои нешта не одат заедно. Точка!!! Не можеш да ставиш кондом во Библија и потоа да се правдашдека ти барем читаш и веруваш, за разлика од другите, кои книга в ’ раце не фаќаат.Тие две работи не одат во иста реченица, колку и да внимаваш на граматиката. Одвратно е!!! За жал, многу нешта што никогаш не одат заедно, кај нас се заедно. На пример, такви се „патриотите“ и знамето, државното, македонското... нашето. Што бара знамето на партиски протести за заштита на „фамилијата“? Што не си го земат нивното знаме со лавчето или црвено-црното? Што бара химната на усните на непроко...

Сијамска тројка

Сијамска тројка Тоа веќе не е „класифицирана информација“. Прочитани се. Ново е што стигнаа рентгенските наоди , кои кажуваат дека, ем што има начини сијамската тројка да се оддели на две целини, ем дека само едниот дел ќе остане жив, а двата ќе умрат. Фамилијата и вемерето не можеле да се одвојат едно од друго , па како такви нема да преживеат, а третиот дел – државата, може успешно да се одвои од сијамската тројка, да преживее, да расне и порасне. Машала. „Фамилијата“, знаејќи како и колку го уништи здравството, не верува на наодите. И тие да ти биле сечени, лепени и монтирани. Има и доказ за тоа. На снимката се гледа дека постои кичма, што е сериозно недозволена работа кај нас. Како и да е, како и да било, медицината мора да се батали и да се бара друго поле за борба, каде „троедното суштество“ има искуство. Суштеството било јако во „спорт“ и тука ќе војувале. Му одговарало да се тепа, оти не е едно, туку три во едно. Таква е и следната „генијална идеја“, која (се разб...

„Без сведоци“

Image
„Без сведоци“ Мафијата настанала во единаесетти век. Тоа го проучувам. Затоа ова е совет до оние, кои нашата трагедија ја разбираат како меѓупартиска борба. Кој ја нема мувата на капата – нека не чита, кој ја има, а има и памет - нека помисли, кој што нема избор, нека прави што мора. Да немате илузии. Меѓупартиска борба нема!!! Слабата СДСМ е партија, а ВМРО – ДПМНЕ не е партија и тоа одамна. „Партијата“ позната како ВМРО – ДПМНЕ, чие име е смешно да се користи без наводници, е испостава на „фамилијата“. Заради тоа и не може да има меѓупартиска борба. Борба на мафија и партија? Пак неточно. Имаме борба на целото општество со мафијата. Сите тоа го знаеме. Одвратното, лажливо и перфидно лице на мафијата е насекаде. Извршителите веќе и не се важни засега, но можат да станат понатаму, во судските процеси, се разбира, ако опстоиме, што „фамилијата“ не го сака. Видовме едно од лицата на мафијата во „парламентот“. Заврши и таа бајката на „фамил...

„Лавови“ касапеа, но не газеа цвеќиња или („убијци – цвеќиња за мирисање“)

Image
     „Лавови“ касапеа, но не газеа цвеќиња или („убијци – цвеќиња за мирисање“) Не беше само во Парламентот. Лавови го нападнаа Скопје и безмилосно парчосуваа се што најдоа, но цвеќиња не газеа. Лавовите не газат цвеќиња и тоа им е посебно нагласено: „Не газете од тоа еб...те цвечиња“, оти вождот нема да има оправдување за „спонтано насобраните“, ниту Чавков за „безбедносната проценка“, ниту „Кочан ТВ“ ќе може да ве споредува со „дивеењето на шарените“. Убивајте, палете, колете, тргајте за коси, фрлајте предмети, но никако немојте цвеќињата да ги газите. Така, „лавовите“ добија „легитимитет“ . Тие „лавчиња“, обогатени и со други „лавови“ од криминалците, специјалците, „граѓани со лекарско“ и со „задолженија“, не газеа цвеќиња. Газеа се друго, но цвеќиња не!!! Најпрво, „чуварот на лавовите“ отпатува , како што секогаш прави, за „некој“ да заборави да го затвори катанецот од кафезот со „лавови“. Од самото утро – тој ден, „лавовите“ го растргнаа МВР ...

Чудесна е оваа Македонија

Чудесна е оваа Македонија Сега, кога „народот“ „си го врати“ „Собранието“ и „н# одбрани сите нас“ од „превратот“, веќе нема место за наводници во реченицава. Сепак, без наводници, таа не би имала никаков смисол. Не?  Главно, сме можеле да „спиеме мирно“. Вождот бдеел над нас, душичка, за ние да дурлиме во самозадоволство. Идила. Не бдее само вождот. Тука е и тој билетарот од „собранието“ Велит, кој делеше билети за влез во „најчуваното место“ во државата (оставете го сега Јасен, ми ја реметите мислата). И тој, душичката, заедно со Владо и целата „водичка служба“ на Чавков, бдееле над нас. За таа цел и Жането најави нова ликовна перформанса во простор, со наслов „Враќање на розовината“, Клетников, ќе ја опева „розовината“ во својата нова збирка поезија, а и Латас и Ивона ќе имаат свој допринос. Едниот ќе воведел розе вести (што, веќе има?), а втората ќе промовира розе гаќи од 500 евра (и тоа веќе го имаме? Ах, добро, не биле розе). Спијте мирно чеда мои македонски, иако Села уште...

Расцеп

Расцеп Депресијата и анксиозноста не ја лечевме, а знаевме дека ќе премине во нешто посериозно, но ние сме Македонци и не лечиме додека „не дојде коса до рамена“. Зарем не знаевте? Македонците „се снајдуваат“ – такви сме и точка.            Глума? Лудило? А зар има разлика? Не сме спремни да бидеме нешто повеќе од Македончиња. Не мислиме дека имаме право да бидеме слободни. Симптомите градираа: Веќе не можевме да се сетиме дали сме земјоделци на протестите или сме ГДОМ - овци, буџетари или патриоти, вемереовци или „анти - агендаши“. Дали одговорот зависи од нас или од ликот, кој вождот ќе го одбере наутро: за него и за нас? Дали е тоа губење на чувството за стварност или верување?                                     Вождот е болен, а глуми нормален,  а народот не е  болен, но   глуми лудило.       ...

„Наводници“

„Наводници“ (простете на многуте „наводници“... уф,... еве ги пак) Оваа серија написи ќе служи како помош на кутриот. Институт за губење време - историја, кој не може да стаса да исполни целодневна програма на телевизиите, со што на историјата и става нови наводници. Целта на написите е да помогне Македонскиот народ да сфати колку многу должи на „Фамилијата“ (башка од долгот кон странство). Првиот од серијата написи е за историјатот на наводниците . Вовед, звани „Увод“ -Денес е „наводнизацијата“ најактуелен процес, кој се одвива насекаде. Оваа идеја е толку силно „напикана“ во Македонцкиот народ, што тој веројатно нема да издржи од толку многу што му е напикано, па ќе пукне. Посебно тоа е случај во последно време, заради тоа што некои во оваа идеја влегуват заедно со моторите. Воедно, овој процес е многу секси, заради „дупењето во здрав мозок“. Том Први: Од праисторија до дивјаштво -Гледано историски во славното минато на нашиот народ, наводниците не...